Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

НЕМА РЕФОРМА НА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА БЕЗ ВКЛУЧЕНОСТ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

На 10 март 2017 година, во ЕУ Инфо центарот се одржа настан за промоција на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната администрација од страна на граѓанските организации“. Проектот е финансиски поддржан од Европската Унија, а имплементиран од „Фондација Отворено општество - Македонија“ и „Евротинк - Центарот за европски стратегии“.

На настанот свое излагање имаа Н.Е. Самуел Жбогар, Амбасадор на Европска Унија, Фани Каранфилова-Пановска, Извршна директорка на „Фондација Отворено општество – Македонија“ и Бојан Маричиќ, Извршен директор на „Евротинк – Центар за европски стратегии“.  

- Ова се тешки времиња за граѓанските организации, но ЕУ секогаш гледала и секогаш ќе гледа партнер во граѓанските организации и ќе продолжи да ги поддржува. Граѓанските организации треба во синергија да соработуваат со институциите и да бидат вклучени во процесот на реформа на јавната администрација. Очекуваме што поскоро нова Влада која ќе се посвети на реформата на јавната администрација и ќе ги вметне сите препораки од Извештаите на Еворпската комисија кои се однесуваат на оваа област - изјави Н.Е. Самуел Жбогар, Амбасадор на Европска Унија.
Каранфилова-Пановска од Фондација Отворено општество – Македонија изјави дека специфичноста на проектот е тоа што неговата имплементација започнува во екот на пролонгирана политичка криза која е резултат на системско не-владеење на правото, поистоветување на државата и партијата и еродиран легитимитет на државните институции. 
- Јавната администрација се третира како фактор кој придонесе кон појава на кризата, пред сѐ поради нејзината силна политизираност и нејзиното користење како еден од главните столбови на партискиот клиентелизам - истакна таа.
Извршниот директор на „Евротинк - Центарот за европски стратегии“ пак нагласи дека најмалку две работи се клучни за успешна реформа во јавната администрација, и тоа, прво и основно е постоење на политичка волја кај Владата, а второ, доволно притисок и поддршка од јавноста и граѓанското општество да се опстои на вистинска реформа која ќе донесе јавна администрација по мерка на сите граѓани. Според Маричиќ, реформата на јавна администрација треба да биде на врвот на приоритети за било која идна Влада.

На настанот исто така беа презентирани и клучните наоди од истражувањето за знаењето и учеството на граѓанските организации во процесот на реформа на јавната администрација (РЈА), спроведено од проектниот тим во период од 20 до 24 февруари 2017 година, на таргетиран примерок од 104 граѓански органзиации. Според резултатите, речиси половина организации никогаш не работела на теми поврзани со РЈА, а останатите организации кои беа дел од ова истражување воглавно биле вклучени во ад-хок проекти или активности за РЈА.

Покрај потребата од зголемено учество на граѓанските организации во процесот на РЈА, наодите укажаа на многу ниска вклученост на граѓанските организации во процесот на креирање на стратегиите за РЈА. Само околу 5% од граѓанските организации биле вклучени во процесот на креирање на стратегиите за РЈА; 47% од граѓанските организации не се информирани дека постои стратегијата за РЈА (2010 -2015), а 67% не се информирани дека  е започнат процес на креирање на нова стратегијата за РЈА (2017 -2021). Конечно, само 14,5 % од организациите се добро запознаени со РЈА, со што резултатите укажуваат на потреба од унапредување на знаењето на организациите за РЈА. 
Повеќе информации за проектот и за неговите активности на следниот линк.

Општа цел на проектот „Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” е јакнење на влијанието на граѓанското општество во процесите на креирање на јавните политики. Се очекува проектот да придонесе кон унапредување на капацитетите на граѓанските организации за спроведување мониторинг базиран на докази на процесот на реформата на јавната администрација и да овозможи простор за соработка на граѓанските организации во нивните застапувачки активности за подобрување на политиките поврзани со реформата на јавната администрација. Вкупната вредност на проектот изнесува 333.333 евра.

поврзани новости

нема поврзани новости