Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

„СОС“ И НЕГОВИТЕ НАЛОГОДАВАЧИ НЕ МОЖАТ ДА ГО ЗАМОЛЧАТ СЛОБОДОУМНОТО ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВO

Ние, граѓанските организации кои сме цел на постојани оркестрирани напади на досегашната власт и нејзините послушници, уште еднаш бараме јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации за нашата работа, изнесени од страна на таканаречената граѓанска иницијатива „СОС“.  Во спротивно, ќе бидеме приморани правдата да ја бараме на суд односно ќе поднесеме тужби за навреда и клевета.

Oва не е само оркестрирана хајка против Џорџ Сорос и неговата фондација, туку претставува хајка против отвореното општество, против независниот и непокорен граѓански глас. Со други зборови, на „СОС“ и на неговите налогодавачи очигледно им пречат слободното и независно граѓанско здружување и дејствување, слободата на изразување и воопшто, сите демократски вредности и принципи. Затоа, тие во јавноста пласираат невистини, манипулативни податоци и лажни информации со една единствена намера - да го замолчат граѓанското општество, да ги дискредитираат и да ги оцрнат неговите заложби и постигнувања.
На последната прес-конференција на „СОС“, на 4 февруари, беа изречени купишта лаги, клевети и дезинформации кои категорично ги демантираме и ги отфрламе како невистинити. Потенцираме деја НЕ сме сакале да ја дестабилизираме државата и НЕ сме предизвикувале криза, НЕ сме работеле за партиски цели за ниту една политичка партија, НЕ сме наменски создавани пред избори, НЕ сме ги информирале бегалците илегално да ја преминат границата, НЕ сме биле плаќани за да одиме на протести, НЕ сме добивале милиони на нашите сметки за партиски цели. 

Едновремено, изнесените манипулативни податоци и бројки кои се однесуваат на финансиското работење на нашите организации за 2016 година, за која сѐ уште не се доставени завршни сметки, упатуваат на можна злоупотреба на информациите што ги поседуваат надлежните државни институции. 

Оттаму, упатуваме порака до сите државни институции кои поседуваат информации за работењето на граѓанските организации, да не ги надминуваат своите законски надлежности и да не се ставаат во служба на недемократската хајка против слободумното граѓанско општество. Во спротивно и тие ќе одговараат за злоупотреба на своите законски надлежности.

На крајот, уште еднаш најостро ги демантираме сите изнесени лаги и дезинформации за нашата работа и потсетуваме дека ние сме организации кои сме посветни на борбата за чиста вода без Арсен; за работнички права; за слобода на говор; за чист воздух; за слобода на медиуми; за вистински вести базирани на факти, а не на лаги и манипулации; за правата на младите, жените, ранливите групи, луѓето со различна сексуална ориентација; за владеење на правото; за еднакви можности и права за сите и др… 

Затоа, упатуваме порака до јавноста односно до граѓаните на Република Македонија: Ние и натаму ќе останеме непоколебливо доследни на нашите заложби за слобода, демократија, еднаквост, правда и почитување на човековите права, и натаму ќе работиме совесно, посветено, непартиски, независно, транспарентно и отчетно.


Со почит,

  1. Акција плус, Ресен
  2. Визио, Кичево
  3. Здружение на текстилни и кожарски работници тивкото мнозинство - Гласно, Штип
  4. KХАМ, Делчево
  5. Македонски центар за европско образование
  6. Младински Културен Центар, Битола
  7. Младински образовен форум
  8. НВО Инфоцентар
  9. Организација на жени, Струмица
  10. Пактис, Прилеп
  11. Патокази, Гевгелија
  12. ПРОЕКТ-ЕУ, Кавадарци
  13. Регионален центар за одржлив развој, Кратово
  14. Факултет за работи што не се учат
  15. Фондација Метаморфозис
  16. Фондација Отворено општество – Македонија
  17. Фондација Фокус, Велес
  18. Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  19. Центар за одржлив развој на заедницата, Дебар
  20. Центар за современи уметности
  21. ЏЕФ Македонија


ФАКТИ ЗА РАБОТАТА НА 
ФОНДАЦИЈА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈА



ФООМ никогаш не работела на остварување на политички цели од интерес на било која политичка партија, ниту пак е посветена на креирање кризи и протести за уравање влади во Македонија. Напротив, од основањето во 1992 година до денес, цели 25 години Фондацијата отоврено општество - Македонија е посветена на напредокот на Македонија и нејзините граѓани. 
За поддршка на институциите на државата и граѓанското општество, до декември 2016 година Фондацијата има потрошено 145 милиони долари. И тоа 110 од основачот Џорџ Сорос преку Фондациите отворено општество и 35 милиони долари обезбедени преку голем број мултлатерални, билатерални и приватни донатори. Дополнително, во првите години од осамостојувањето, за премостување на нафтената криза и кризата за обезбедување сточна храна Во Македонија основачот Џорџ Сорос  обезбеди 27, 5 милиони долари кредити со симболични камати. Непосредно по основањето на Фонд за  отворено општество Скопје, за да го ја означи независноста и за да поттикне меѓународното признавање на државата, го преименува во Фонд за отворено општество  Македонија. 
Како тогаш, така и денес, Фондацијата е посветена на вредностите на отвореното општество, стратешки е определена кон унапредувањето на демократијата, отчетноста на властите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните на Македонија.   Тоа го реализираме преку поддршка на голем број граѓански орагнизации, во соработка со државни и јавни институции и со нашите партнерски органзиции, а со средства од нашиот основач Џорџ Сорос преку неговите Фондации отворено општество и други донатори.
Приближно 800.000 долари или 13% од годишниот буџет на Фондацијата секоја година, по основ на даноци и придонеси кои ФООМ или нејзините грантисти уредно ги плаќаат завршуваат во државна каса.

поврзани новости

нема поврзани новости