Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ, НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ, КОАЛИЦИИ И ЛОКАЛНИ АКТИВИСТИЧКИ ЈАДРА









КОНКУРС 
за доделување грантови на граѓански организации, 
неформални групи, коалиции и локални активистички јадра

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува конкурс за доделување грантови на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра  кои преку своите проекти ќе придонесат за унапредување на локалната демократија и социјалната кохезија на локално, регионално и национално ниво. Целта на овој конкурс е да се зајакнат капацитетите на локалните актери од граѓанското општество, да се ангажираат граѓаните да придонесуваат за унапредување на политиките и за зголемување на учеството во донесувањето одлуки во своите заедници.

Со овој конкурс ќе бидат доделени два вида грантови, и тоа за:

  1. Институционална поддршка на граѓански организации за јакнење на нивната улога на локално ниво. Институционалната поддршка се однесува на граѓанското општество во седум стратешки избрани регионални центри (Прилеп, Тетово, Струга, Струмица, Скопје, Куманово и Штип). Ќе бидат поддржани организации кои имаат искуство и кредибилитет на локално ниво во унапредување на локалната демократија и кои се мотивирани да ја зајакнат својата улога во заедницата, да ја зголемат својата база на поддржувачи и да ги развиваат сопствените организациски капацитети и управување. ФООМ ќе ја следи работата на организациите и ќе обезбеди обуки, консултации и менторство согласно на нивните специфични потреби. Вкупниот фонд за грантови во 2017 година е 250.000 американски долари. Максималниот износ на грантот за институционална поддршка е 25.000 американски долари во текот на 2017 година. Рокот за поднесување на пријавите за институционална поддршка на граѓански организации е 20 февруари 2017 година до 16.00 часот.

  2. Материјалите за пријавување се достапни на следниве линкови:

    Образец за институционална поддршка
    Упатство за буџетирање

  3. Поддршка на ад-хок иницијативи на граѓански организации, неформални групи, коалиции и локални активистички јадра кои дејствуваат во Република Македонија. Овој вид грантови ќе обезбеди поддршка за спроведување локални иницијативи со кои ќе се засили гласот на граѓанското општество во врска со прашањата од интерес на граѓаните на локално, регионално и национално ниво. Вкупниот фонд за грантови во 2017 година е 120.000 американски долари. Максималниот износ на грантот за ад-хок иницијативи е 6.000 американски долари. Првиот рок за поднесување пријави за поддршка на ад-хок иницијативи е 20 февруари 2017 година до 16.00 часот, а останатите два рока се 15 мај и 15 септември 2017 година до 16.00 часот.

  4. Материјалите за пријавување се достапни на следниве линкови:

    Образец за ад-хок иницијативи
    Упатство за буџетирање

ФООМ ќе поддржи предлог проекти кои се иновативни во пристапот, кои имаат потенцијал за постигнување видливо влијание и кои притоа:
  • ги промовираат вредностите на отвореното општество;
  • покажуваат посветеност кон вклучување на граѓаните и развиваат ефективни стратегии за ангажирање на граѓаните; 
  • обработуваат комплексни прашања поврзани со актуелните реформски и општествени состојби;
  • промовираат интегрaтивен пристап со фокус на заедниците, родот и лицата со посебни потреби; 
  • нудат креативни и ефективни стратегии за пристап до информации и придонес кон политиките; 
  • применуваат, кога е соодветно, стратегиско користење на медиумите во промоција на целите.
Здруженијата на граѓани треба задолжително да достават и копија од документите за регистрација од Централен регистар на РМ. Пријавите треба да се поднесат електронски, во word и pdf формати, на следнава адреса: konkurs2017@fosm.mk со наслов на пораката кој содржи Име на организација/неформална група - наслов на проект/иницијатива. Доколку имате прашања, поставете ги на: prashanjakonkurs2017@fosm.mk.

Пријавите пристигнати по предвидените рокови нема да бидат разгледувани. За пристигнатите пријави по конкурсот ќе одлучува комисија составена од претставници од ФООМ. При селекцијата на пријавите ќе се внимава да бидат застапени различни организации и иницијативи, при што корисниците на институционална поддршка нема да бидат во можност да се пријават како носители за поддршката за ад-хок иницијативи. 

поврзани новости

нема поврзани новости