п а р т н е р и
Области
пронајди

Области

Стратегија на
ФООМ 2014-2017
Strategjia e Fondacionit
Shoqëria e Hapur Maqedoni
2014-2017




 




Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), во рамки на својата стратегија за периодот 2014-2017 година, ќе ги насочи сопствените ресурси и напори кон исполнување на својата долгорочна цел за враќање на демократијата и демократското владеење, и тоа: 
(1) преку поддршка на 12 граѓански организации за унапредување на областите слобода на изразување, младинска ангажираност за општествени промени, унапредување на човековите права во здравството, мониторинг и документирање на човековите права, борба против корупција, буџетска транспарентност; и
(2) преку имплементација на три концепти - Зајакнување и мобилизација на граѓаните, Општина по мерка на граѓаните и Интеграција на Ромите.

ФООМ ќе ги поддржи и ќе соработува со клучните организации во секоја од шестте области кои се идентификувани како најзагрозени, а истовремено се и најзначајни за враќање на демократијата и демократското владеење. Селектираните организации имаат релевантна експертиза, пристап до соодветни целни групи, добро изградени коалиции и база на алумни кои им овозможуваат да ги обликуваат сопствените стратегии и да одговорат на можните предизвици и околности.