п а р т н е р и
Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

Проект на УСАИД за граѓанско општество

На 27 февруари, 2012 година Фондацијата Отворено општество - Македонија го потпиша договорот со УСАИД за спроведување на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Проектот ќе се реализира во период од 30 месеци во партнерство со четири граѓански организации: Младински обвразовен форум, Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација, Центар за граѓански комуникации и Реактор - Истражување во акција. Проектот е финансиран од УСАИД со 2,540,000 УСД и ко-финансиран од ФООМ со 278,120 УСД.

Главни цели на проектот се: 1) Заживување на граѓанското учество во политичкиот и општествениот живот; 2) Поддржување на граѓанското општество активно да се залага за демократски реформи и 3) Подобрување на соработката и здружувањето во граѓанскиот сектор со цел зајакнување на граѓанската одговорност.

Проектот го сочинуваат три главни компоненти:
Компонентата А: Граѓански активизам и учество едизајнирана да ги зајакне граѓаните и младите да ги препознаат начините на кои можат да се ангажираат во своите заедници и да обезбедат различни нови механизми за нивно учество. Проектот ќе генерира одржлив активизам и влијание преку поврзување на обуките за активно граѓанство со учење низ помагање во заедницата, волонтерство, користење нови медиуми, локални акции, грантови за граѓанско учество и активизам.
Компонентата Б: Мониторинг и застапување ќе ги поттикне граѓанските организации да работат на суштински прашања и да влијаат на власта за спроведување демократски реформи. Тоа ќе се постигне преку градење капацитети на граѓанските организации (со работни стипендии и обуки), истражување и мониторинг во одредени подрачја, како што е пристапувањето во ЕУ, доделување грантови за мониторинг и застапување засновано на истражувања, консултации со релевантните фактори и ангажирање во креирањето јавни политики.
Компонентата В: Соработка и мобилизирање ќе промовира поголема мобилизација, соработка и солидарност на граѓанските организации преку поддршка на заеднички развиени акции на партнерства и мрежи, форуми за размена на искуства, дискусии за заедничките проблеми, можни решенија и идни активности. Активностите се структурирани околу три главни аспекти: можности за граѓанско ангажирање, вмрежување и награди за граѓанско ангажирање.

Активностите во проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати:
• Зголемен младински активизам и учество;
• Мобилизирани граѓани во општествено застапување за демократски реформи;
• Зголемен онлајн активизам;
• Граѓански организации со подобрени капацитети и експертиза за мониторинг и застапување;
• Граѓански организации кои придонесуваат за транспарентност на институциите и подобри јавни политики во одредени области;
• Зајакнато граѓанско партнерство за решавање заеднички прашања на национално и локално ниво.

Имплементатор
Фондација Отворено општество - Македонија
Бул. „Јане Сандански“ 111, 1000 Скопје
www.fosm.mk

Контакти:
• Сунчица Костовска-Петровска, Директор на програма - Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 123, sunchica.kostovska@fosm.mk
• Адријана Лавчиска, Координатор на програма, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 182, adrijana.lavchiska@fosm.mk
• Марија Нашоковска, Kоординатор на програма - мониторинг и евалуација, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 133, marija.nashokovska@fosm.mk
• Ванчо Џамбаски, Kоординатор за грантови и логистика, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 112, vanco.dzambaski@fosm.mk
• Љиљана Ристеска, Kоординатор за финансии, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 110, liljana.risteska@fosm.mk
• Даниела Настевска, Асистент на програма, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 131, daniela.nastevska@fosm.mk
• Влатко Петрушевски, Асистент на програма, Проект на УСАИД за граѓанско општество, лок. 128, vlatko.petrushevski@fosm.mk

Партнери / контакти:
Младински образовен форум
Дона Костуранова, dona_kosturanova@mof.org.mk

Реактор - Истражување во акција
Неда Коруновска, neda@reactor.org.mk

Форум - Центар за стратегиски истражувања и документација
Соња Исмаил, sonja@forum-csrd.org.mk

Центар за граѓански комуникации
Сабина Факиќ, sfakic@ccc.org.mk

Повеќе инфо на: http://civilsociety.mk/