п а р т н е р и
Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

РЕГИОНАЛНА ПРОГРАМА ЗА ПОДДРШКА НА ИСТРАЖУВАЊА

Регионалната програма за поддршка на истражувања (РППИ) е насочена кон воспоставување и зајакнување на истражувачките капацитети во областа на општествените науки во Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна  Гора и Србија). Истражувањата од областа на општествените науки  помагаат во разбирањето на специфичните потреби за реформи и во идентификувањето на долгорочните импликации од потенцијалниот избор на политики. Истражувачите добиваат поддршка во форма на грантови за истражување, методолошки и тематски обуки, како и можности за регионална и меѓународна размена и вмрежување.

РППИ започна во 2008 година со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Централната канцеларија на проектот е лоцирана во рамките на Универзитетот Фрибург, Швајцарија. Во Македонија програмата е координирана од локална канцеларија во рамки на Фондацијата Отворено општество - Македонија.

РППИ се заснова на следниве три меѓусебно поврзани столба:

1. ПОДДРШКА И ПРОМОЦИЈА НА РЕГИОНАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА
• Обезбедување на истражувачки грантови за проекти кои опфаќаат проблеми поврзани со транзиционите процеси во регионот.

Институциите од регионот можат да поднесат апликации по објавување на повик за истражувачки проекти на интернет-страницата на РППИ. Потоа, Експертскиот панел на РППИ ги оценува апликациите според критериумите утврдени во рамки на самиот повик. И на крајот, Управниот одбор одлучува кои истражувачки проекти, согласно препораките на Експертскиот панел, ќе добијат финансиска поддршка. Целиот процес трае околу пет до шест месеци.

2. ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАЦИЈА ПРЕКУ ГРАДЕЊЕ НА КАПАЦИТЕТИ И ВМРЕЖУВАЊЕ
• Организација на методолошки семинари и тематски обуки со меѓународни и регионални експерти и ментори;
• Организација на научни конференции и настани за вмрежување.

Овој столб се фокусира на регионални истражувачки проекти, истражувачки институции и индивидуалци кои се дел од мрежата на РППИ. Ваквите настани, како на пример Научната конференција на РППИ, се исто така отворени и за надворешни учесници.

3. ПОВРЗУВАЊЕ НА ИСТРАЖУВАЊЕТО И КРЕИРАЊЕТО ПОЛИТИКИ
• Промоција и подобрување на статусот на општествените науки во Западен Балкан, поврзување на релевантните истражувања и процесите на креирање на политики преку вклучување на сите актери кои земаат учество во суштинските истражувачки процеси, како што се истражувачи, универзитети, министри, политичари/креатори на политики, научни рабоптници, тинк-тенк организации, невладини организации, медиуми, издавачки куќи и меѓународни донаторски организации.

Сите заинтересирани и релевантни институции и индивидуалци се добредојдени да учествуваат во овој столб со цел да се направат систематски промени во секоја од земјите на Балканот поединечно.

Претходни достигнувања:

Како резултат на поддршката на Регионалната програма за поддршка на истражувања:
• 50 истражувачки проекти (26 регионални и 23 национални) во вредност од 3,7 милиони швајцарски франци беа успешно завршени;
• 19 регионални обуки беа спроведени од страна на меѓународни експерти за истражувачки методи и проектен менаџмент, на кои присуствуваа над 300 учесници;
• 6 научни конференции беа организирани од 2008 година па до денес, на кои присуствуваа околу 670 регионални и меѓународни научни работници;
• Неколку проекти поврзани со „Дијалози за националните политики“, кои вклучуваат одреден број на релевантни чинители во сите земји, беа започнати;
• Пилот-проектот Центар за податоци во Западен Балкан, координиран од Универзитетот на Цирих, Швајцарија, беше промовиран. За повеќе информации посетета ја страницата http://balkandata.net;
• Комплетна поддршка за проектот „Регионална мрежа на родови и женски студии“ беше обезбедена. Проектот беше имплементиран од страна на Институтот ЕвроБалкан од Скопје, Македонија.

Повеќе информации за Регионалната програма за поддршка на истражувања можете да најдете на: http://rrpp-westernbalkans.net/en/News.html