п а р т н е р и
Пристап до правда во Македонија
пронајди

Пристап до правда во Македонија

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), со финансиска поддршка од Европската унија, го спроведува проектот Пристап до правда во Мaкедонија. Партнерски организации на проектот се Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Национален ромски центар - Куманово, Младински културен центар - Битола, Едукативно - хуманитарна организација ЕХО - Штип и ИЗБОР - Струмица.

Целта на проектот е да придонесе кон подобрување на системот на заштита на човековите права во земјата преку зајакнување на системот на бесплатна правна помош (БПП) и утврдување на слабостите во неговата имплементација.

Проектот ги поддржува горенаведените партнерски организации за давање бесплатна правна помош, а воедно преку проектот се зајакнуваат и нивните капацитети во системот на БПП. Исто така, една од главните активности на проектот е насочена кон зголемување на свеста кај населението за постоењето и придобивките од системот на БПП и зголемено користење на истата од страна на граѓаните, што ќе овозможи остварување на правдата за сите граѓани подеднакво, без разлика на нивните материјални можности.  Проектот обезбедува правна помош на граѓаните на кои им е одбиено барањето за бесплатна правна помош.

Дополнително, набљудувањето на системот на бесплатна правна помош „од внатре“ преку работата на овластените партнерски организации и следењето на примената на Законот за бесплатна правна помош, како и на судските постапки во кои се остварува бесплатната правна помош, ќе овозможи проектот да излезе со конкретни предлози за подобрување на неговата ефикасност,  квалитет и примена.

Во рамките на проектот оперира и бесплатната СОС линија за бесплатна правна помош 0800 44 222, на која граѓаните може да се обратат секој работен ден од 9 до 17 часот, како и веб-страницата www.pristapdopravda.mk, која содржи упатства и информации за вообичаените правни проблеми со кои се соочуваат граѓаните и им нуди можност да постават прашање или да добијат правна информација online.

Проектот Пристап до правда во Македонија е продолжение на напорите на ФООМ и партнерските организации кои во периодот 2011-2013 го реализираа проектот Бесплатна правна помош, како  дел од Правната програма на ФООМ, што резултираше со зголемување на употребата на системот од страна на граѓаните и изработка на соодветни анализи кои содржат и препораки за подобрување на Законот за бесплатна правна помош.

За повеќе информации за проектот Пристап до правда во Македонија:

Фондација Отворено општество - Македонија
бул. „Јaне Сандански“ бр. 111, п.фах 378 Скопје
Контакт лице: Христина Василевска, координаторка на проектот
Тел: 02/2477-126 
Е-пошта: hristina.vasilevska@fosm.mk 
web: www.fosm.mk

За правото на бесплатна правна помош:

Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија - Скопје
ул. „Наум Наумовски Борче“  бр. 83, Скопје
Контакт лице: Славица Анастасовска, правник
Тел. 02/3119-073 
Е-пошта: helkom@mhc.org.mk
web: www.mhc.org.mk

Национален Ромски центар - Куманово
ул. „Доне Божинов“ бр. 11/5, Куманово 
Контакт лице: Оливер Митов, правник 
Тел: 031/427-558 
Е-пошта: info@nationalromacentrum.org 
web: www.nationalromacentrum.org

Младински културен центар - Битола
ул. „Цар Самоил“ бр. 29, Битола
Контакт лице: Вера Гогу, правник
Тел: 047/233-020 
Е-пошта: mkcbt@t-home.mk 
web: www.mkcbt.org.mk

Едукативно-хуманитарна организација ЕХО - Штип
ул. „Христијан Т. Карпош“ бр. 6/4, Штип
Контакт лице: Благица Киров, правник
Тел. 032/384-143 
Е-пошта: ed_hum_eho@yahoo.com
web: www.eho-org.mk

НВО ИЗБОР - Струмица
ул. „Херој Карпош“ бр. 16, Струмица 
Контакт лице: Борис Гудев, правник 
Тел. 070/390-549, 034/349-410 
Е-пошта: izborsr@gmail.com
web: www.izborsr.com