п а р т н е р и
Форуми во заедницата
пронајди

Форуми во заедницата

Програмата се спроведува преку организирање форумски сесии, каде што општинската администрација и граѓаните ги оценуваат општинските приоритетни потреби. Преку структурирани дискусии тие ги преточуваат локалните приоритети во конкретни проектни идеи и даваат препораки за решавање на проблемите во заедницата. Во текот на последната сесија учесниците на форумот заедно ги избираат најдобрите проекти за финансирање од програмскиот фонд. 

ФООМ е една од спроведувачките организации на програмата Форуми во заедниците, финансирана и управувана од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC). Главната програмска цел е да се поддржи развојот на заедниците преку обезбедување активно граѓанско учество во донесувањето одлуки и одговорна и отчетна локална администрација. Моделот на јавно учество во донесувањето одлуки во општините, успешно реализиран во пилот-фазата (2006-2007) беше пренесен во втората фаза (2008-2010). Преку форумите во заедницата, сите засегнати страни дискутираат за проблемите на заедницата, ги идентификуваат приоритетите и развиваат проектни идеи и препораки. Проектите избрани од учесниците на форумот се финансираат од SDC и од општината. Во текот на последната фаза од програмата беа развиени нови модели на форуми: меѓуопштински форум (каде што граѓаните од две соседни општини дизајнираат проекти за решавање заеднички проблеми) и буџетски форум (каде што локалната администрација го презентира трошењето на општинскиот буџет пред граѓаните и ги вклучува во дизајнирањето на буџетот, кој ги вклучува и нивните приоритети). 

Повеќегодишната соработка со SDC ќе продолжи со спроведување нова фаза од оваа програма планирана за три и пол години (2011-2014). SDC ќе ја прошири програмата во повеќе од 30 општини со истите пет спроведувачки организации, вклучувајќи ја и ФООМ, преку здружување на проектните средства со општините. 

Програмата Форуми во заедницата, која се спроведува во соработка со Швајцарската агенција за развој и соработка, ќе го мобилизира граѓанското учество во идентификување на приоритетите за развој на локалната заедница и ќе избере релевантни проекти за финансирање во целните општини.