п а р т н е р и
Регионална програма за поддршка на истражувања
пронајди

Регионална програма за поддршка на истражувања

Регионална програма за поддршка на истражувања на Западен Балкан во област на општествени науки е насочена кон воспоставување и зајакнување на истражувачките капацитети во област на општествените науки во Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија. ППИР започна во 2008 година со финансиска поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка. Централната канцеларија на проектот е лоцирана во рамките на Универзитетот Фрибург, Швајцарија. Во Македонија програмата е координирана од локална канцеларија во рамките на Фондацијата Отворено општество – Македонија.
РРПП се заснова на следниве три меѓусебно поврзани столба:
1. Истражување – обезбедување на истражувачки грантови за проекти кои опфаќаат проблеми поврзани со транзиционите процеси во индивидуални земји и во регионот како целина;
2. Градење на капацитети - обезбедување на методолошки семинари и тематски тренинзи; и
3. Вмрежување и соработка – воспоставување и зајакнување на регионалната соработка.

Корисници
Истражувачки институции – државни, приватни или полу-приватни универзитети и самостојни истражувачки организации кои ја поддржуваат регионалната интеграција и соработка.
Индивидуални истражувачи – асистенти/вонредени професори и МА или PhD студенти. Особено внимание се дава на вклучување на млади и женски истражувачи во програмата.
Одлучувачи и креатори на политики – декани, советници и други претставници на релевантни институции. ППИР поддржува дијалог за креирање политики во наведените земји и става акцент на соработката со претставници на министерствата и универзитетите со цел да се влијае на систематски промени.

Повици за проектни предлози – процес на евалуација
Имајќи ги предвид повиците за предлог проекти, истражувачи од регионот може да поднесат апликации. Овие апликации се оценувани од научен одбор на ППИР. Научниот одбор ги оценува истражувачките предлози од научен аспект и предлага препораки за јакнење на капацитетите и вмрежувањето. Одборот е составен од научници од и вон Швајцарија, од област на политичките науки, социологија, социјална антропологија, медиуми и комуникациски науки. Апликантите со успешни предлог проекти се поканети да поднесат апликации во кои се интегрирани препораките и коментарите дадени од страна на научниот одбор. Научниот одбор ги прегледува корегираните верзии, и согласно неговата препорака, управниот одбор ја носи финалната одлука дали апликацијата за истражувачки проект финансиски ќе се поддржи.