п а р т н е р и
За Фондацијата
пронајди

За Фондацијата

Профил на Фондацијата отворено општество - Македонија

Стратегија на
ФООМ 2014-2017
Strategjia e Fondacionit
Shoqëria e Hapur Maqedoni
2014-2017









Фондацијата Отворено општество ‒ Македонија (ФООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година e регистрирана како национално правно лице ‒ фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФООМ е дел од глобалната мрежа Фондации Отворено општество чиј основач е американскиот филантроп Џорџ Сорос.
 
Посветена на промовирањето отворено општество и на градењето динамични и толерантни демократии, чии влади се отчетни кон своите граѓани, ФООМ преку своите програми иницира и спроведува сопствени активности и ги поддржува иницијативите на поширокото граѓанско општество во Македонија во согласност со својата мисија и цели.
 
Основното раководно тело на ФООМ е Управниот одбор кој е составен од седум видни личности со различна етничка припадност и професионална ориентација. По потреба, во работата на ФООМ се вклучуваат и советодавни комитети кои ги обезбедуваат потребната експертиза и насоки за дејствување во поединечни области. Извршниот директор на ФООМ ја претставува и застапува Фондацијата пред други правни и физички лица и е овластен потписник во името на ФООМ.

Мисијата на ФООМ е внатрешна интеграција на општеството како предуслов за интеграција на Македонија во Европската унија. Целите на Фондацијата се одредуваат во рамки на тригодишни стратешки циклуси. Инструментите преку кои се реализираат целите на Фондацијата опфаќаат: 

  • доделување грантови и други видови финансиска поддршка на физички и правни лица кои спроведуваат активности во согласност со мисијата на ФООМ;
  • иницирање, креирање и имплементација на оперативни програми со кои се промовираат иновативни идеи во согласност со мисијата на ФООМ; и
  • извршување други хуманитарни и развојни активности за кои Основачот и Управниот одбор сметаат дека се соодветни за исполнување на мисијата на ФООМ. 
ФООМ поддржува и спроведува широк спектар активности на граѓанското општество, од изградба на капацитети до проекти кои придонесуваат во процесите на креирање јавни политики и застапување за општествени промени. За да одговори на потребите на различни целни групи, а особено на младите, Ромите и на социјално маргинализираните, ФООМ соработува со други невладини и меѓународни организации и донатори во насока на преземање акции кои негуваат одржлива демократија.

Посветена на враќање на демократијата и демократското владеење, ФООМ ги исполнува своите стратешки цели за периодот 2014 ‒ 2017 година (1) преку поддршка на 12 граѓански организации за унапредување на областите слобода на изразување, младинска ангажираност за општествени промени, мониторинг и документирање на човековите права, унапредување на човековите права во здравството, борба против корупцијата и буџетска транспарентност; (2) и преку имплементација на четири концепти, и тоа: Зајакнување и мобилизација на граѓаните, Општина по мерка на граѓаните, Интеграција на Ромите и Хуманитарна и правна помош за мигрантите.

Управен одбор

Маја Бојаџиевска, Претседателка
Билјана Секуловска - Габер
Рамадан Рамадани
Игор Мицевски
Гордана Бужаровска
Елизабета Секирарска

Сите членови на управниот одбор на ФООМ од 1992 г.

Менаџмент

Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка