п а р т н е р и
Медиуми
пронајди

Медиуми

Целите на Програмата за медиуми се:

  • Да ја зајакне информираната јавна дебата за теми поврзани со ЕУ и да придонесе во промоцијата на вредностите на ЕУ.
  • Да гарантира медиумска покриеност на прашањата поврзани со пристапувањето во ЕУ, изборите и со спорот за името со Грција и со НАТО.
  • Да го следи и да се застапува за развојот на соодветна правна и регулаторна рамка за медиумите и да направи мониторинг на нејзината имплементација во согласност со меѓународните стандарди, вклучувајќи го и работењето на соодветни регулаторни тела.

ТВ ко-продукција ЕВРОПА СЕГА

Во соработка со националната и сателитска ТВ станица Алфа ќе се продуцира серија од емисии посветени на процесите за интеграција во ЕУ. Програмата за медиуми ќе ги кофинансира продукциските трошоци и ќе понуди експертиза за ЕУ од национални и од меѓународни партнери.

Новинари - практиканти за ЕУ

Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на медиумите за покривање прашања поврзани со пристапувањето во ЕУ преку обезбедување вештини кај новинарите за познавање на ЕУ и за презентирање на тие теми во медиумите. Младите новинари по добиените обуки за прашањата поврзани со ЕУ во изминатите 18 месеци се испратени да работат како известувачи-практиканти во главните национални медиуми за да покриваат теми поврзани со ЕУ. Во текот на 2011 година и на 2012 година ќе ги добијат редовните годишни обуки за ЕУ, како и обуки за користење нови ИК алатки за нови медиуми во согласност со дигитализацијата и спојувањето на медиумите. Проектот ќе се спроведува во партнерство со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и со Фондацијата Метаморфозис, кои ќе ги спроведуваат обуките.

Застапување и мониторинг на спроведувањето на законодавните акти/политиките

Проектните активности ќе обезбедат промените во медиумското законодавство и во законодавството за електронски комуникации да бидат во согласност со европската правна рамка, да се намалат можностите за економска цензура и да се овозможи развој на домашната медиумска продукција.
Главниот приоритет на овој проект е да се застапува за подобрени промени на важечкиот Закон за радиодифузија во дигиталната ера и за негово спроведување, како и за спроведување на среднорочниот акциски план од стратегискиот документ. Проектот ќе се спроведува во партнерство со Центарот за развој на медиуми како заедничка заложба на ФООМ и на Мрежната програма за медиуми – Лондон.

Мониторинг на медиумските содржини – Медиумско огледало

Целта на проектот е да даде јасна слика за професионалните стандарди и критериуми што ги користат медиумите за да ги покриваат прашањата поврзани со евроинтеграциите на земјата, НАТО, спорот за името со Грција врз основа на информации, проследени настани и брифинзи добиени од: јавните институции, политичките партии, меѓународните политичари и стручњаци. По секој објавен извештај ќе се организира јавна дебата на која ќе се проговори за следените теми и за начинот на кој се третирани во медиумите со учество на стручната јавност и на релевантни институции. Проектот ќе се спроведува во партнерство со НВО Инфоцентар.