п а р т н е р и
Информации
пронајди

Информации

За слобода на изразување, против говор на омраза на интернет

Во целите на овој проект спаѓа обезбедувањето на подобрени можности за граѓаните да станат активни учесници во јавниот дискурс и во намалувањето на говорот на омраза на интернет.

Примарните целни групи на оваа иницијатива се граѓанските активисти – членови на невладини организации, неформални групи, како и поединечните граѓани и новинари што работат во традиционалните медиуми. Ќе биде опфатена и пошироката јавност преку односи со медиумите, односи со јавноста и промотивни активности на интернет.

Надоврзувајќи се на претходните иницијативи, проектниот тим ќе креира и локализира ресурси за учење фокусирани на анонимен и веродостоен активизам на интернет и на откривање информации од доушници во услови на зголемен политички притисок. Во активностите за распространување на овие знаења и вештини ќе спаѓаат промоцијата на интернет, јавните презентации/дискусии, приспособените обуки, како и директната поддршка/менторство на интернет.

Паралелно ќе се развива Индексот на говор на омраза обезбедувајќи систем за документирање, анализирање и реагирање на говорот на омраза преку редовни мониторинг извештаи и активности за зголемување на јавната свест.

Партнери: Фондација Метаморфозис, Младински образовен форум, Центар за развој на медиуми, НВО Инфоцентар, Правна програма на ФООМ, Програма за медиуми на ФООМ, локални невладини организации од разни градови низ РМ, медиуми (телевизии и весници).

Отворени образовни ресурси

Во целите на овој проект спаѓаат зголемувањето на квалитетот на локалните научни содржини достапни на интернет во Република Македонија, како и подигнување на свеста за концептите отворен пристап и отворени образовни ресурси.

Примарни целни групи се учениците, наставниците и научниците, кои се сметаат за креатори и за корисници на е-содржини. Покрај тоа, ќе се спроведат и активности за лобирање до носителите на одлуки на државно и на општинско ниво и во академските институции, а активностите за подигнување на свеста ќе бидат насочени кон традиционалните медиуми, како и кон пошироката јавност, преку кампањите на интернет.

Проектот ќе обезбеди модел за создавање е-содржини преку комбинирање на методологиите за дигитални приказни и за училница-сложувалка со што, исто така, ќе се зголемат способностите на учениците за критичко размислување и за истражување на интернет. Примената на овој модел ќе и помогне на академската заедница во секојдневната работа со учениците, во комбинација со активностите за изградба на капацитети што ќе обезбедат можности за спроведување на концептите на отворениот пристап и на отворените образовни ресурси во нивните институции.

Партнери: Фондација Метаморфозис, Програма за образование на ФООМ, Младински образовен форум, образовни/академски институции (јавни и приватни основни и средни училишта, универзитети и истражувачки институции), релевантните владини тела (Министерството за информатичко општество, Министерството за образование и за наука, општините во коикои ги се наоѓаат училиштата), невладини организации што работат на културниот развој.

Подобрување на приватноста на интернет

Во целите на овој проект спаѓа зголемувањето на свеста за приватноста и за безбедносните прашања што произлегуваат од активизмот на интернет, како и подобрување на правната и на институционалната рамка за заштита на приватноста.

Во целните групи спаѓаат НВОи за заштита на човековите права, јавните институции одговорни за заштитата на приватноста, како и медиумите и пошироката јавност.

Проектот ќе обезбеди можности за подобрување на капацитетите на НВОи и на онлајн активистите за застапување во областа на приватноста со создавање и со приспособување на алатките за приватност на интернет, на бесплатно достапните образовни ресурси, презентации и приспособени обуки. Јавните институции ќе бидат вклучени во создавањето содржини со обезбедување на нивната стручност и со учество на настани. Проектот ќе се обрати до пошироката јавност директно преку настаните за подигнување на свеста и кампањите на интернет, како и индиректно преку соработка со медиумите.
Партнери: Фондацијата Метаморфозис, Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија, Правната програма на ФООМ, НВОи за заштита на човекови права (Хелсиншки комитет, Транспарентност Македонија), невладини организации што работат во полето на ИКТ (Слободен софтвер Македонија, Интернет хотлајн Македонија), невладини организации што работат на изградба на капацитетите за граѓански активизам (Младински образовен форум), медиуми, Делегацијата на Европската Унија/ЕУ Инфо-центарот.

Проект за управување со е-отпадот

Сè поголемите количества е-отпад (фрлени електронски уреди), доколку не се отстрануваат правилно, претставуваат опасност за животната средина и за здравјето бидејќи токсичните супстанции што ги содржат доаѓаат во контакт со почвата и се шират. Овие ризици особено доаѓаат до израз во областите каде што институциите на системот се кревки, каде што законодавството е нецелосно или застарено и каде што има слаба заштита на животната средина, што резултира со несоодветно управување е-отпад. Главна цел на овој проект е да се подобри законската и институционална рамка, која ќе придонесе за правилно управување на е-отпадот во Македонија. Проектот се спроведува во текот на 2010 година и на 2011 година.

Партнери: Фондација Метаморфозис