п а р т н е р и
Хуманитарна и правна помош за мигрантите
пронајди

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Целта на концептот на ФООМ за Хуманитарна и правна помош за мигрантите има за цел да придонесе кон подобра заштита на правата и испораката на услуги за мигрантите и азилантите за време на нивното транзитирање низ Македонија. Како дел од концептот, партнерот и грантист на ФООМ, НВО ЛЕГИС, ќе обезбедува хуманитарна помош (храна и хигиенски пакети) за мигрантите на северната и јужната граница. Дополнително, правна помош ќе биде обезбедена од Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ и Македонското здружение на млади правници. Концептот, исто така, ќе се залага за отворање на простор за социјална дебата за прашањата поврзани со миграцијата преку застапување за подобри политики и практики и преку кампања против ксенофобија. Концептот ќе биде спроведуван до крајот на јуни 2016.