п а р т н е р и
Унапредување на човековите права во здравството
пронајди

Унапредување на човековите права во здравството

ХОПС - Опции за здрав живот Скопје ќе биде поддржана со цел да се обезбеди бесплатна правна помош за сексуалните работници и корисници на дроги; застапување за правата на малолетни лица-корисници на дроги; мониторирање и застапување за државно финансирање на програмите за намалување на штети. Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ ќе добие поддршка за мониторирање и документирање на прекршувањата на човековите права во здравството; правна помош на трансродови лица; застапување за подобрување на Законот за права на пациенти; јавни дебати за прашањата за сексуалноста во образованието, итн.