п а р т н е р и
Младинска ангажираност за општествени промени
пронајди

Младинска ангажираност за општествени промени

ФООМ ќе го поддржи својот долгогодишен верен партнер, Младинскиот образовен форум, во креирањето и спроведувањето на процесот на зајакнување на младинската ангажираност. Со тоа ќе се постигне унапредување на оваа организација, како и на младинскиот активизам воопшто. Ќе биде обезбедена поддршка на активностите на 12 младински центри низ земјата; воспоставување на плурализам во средношколското и студентското организирање; поддршка на Радио МОФ; и на активностите на Националниот младински совет.