поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

ФОНДАЦИЈАТА ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО – МАКЕДОНИЈА (ФООМ) ОБЈАВУВА ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 1 (ЕДНО) ЛИЦЕ


Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) објавува повик за ангажирање на 1 (едно) лице за позицијата Координатор за комуникации чиј ангажман ќе опфаќа зајакнување на брендот, видливоста и позиционирањето на ФООМ како лидер на граѓанските организации во Македонија и унапредување на угледот преку развивање и спроведување ефективни програми за комуникации и односи со медиумите; развивање односи со главните засегнати страни за да се создаде силна мрежа луѓе кои ќе се вклучат во остварување на програмските и комуникациските цели на ФООМ; и управување со процесите за внатрешни, надворешни и комуникации во кризни состојби, што ќе придонесе во спроведувањето на мисијата и работните цели на ФООМ. Ангажманот на Координаторот за комуникации е на определено време од една година, со можност за продолжување на договорот.

Документите за пријавување и доказите за исполнување на горенаведените услови кандидатите треба да ги испратат ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ на следната e-адреса: nadica.stamboldjioska@fosm.mk, најдоцна до 5 октомври 2017 година (четврток), до 16 часот.

поврзани новости

нема поврзани новости