поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

ПОВИК ЗА АПЛИКАЦИИ ЗА LEAD MK ГОДИШНА СТИПЕНДИРАНА ПРОГРАМА ЗА МЛАДИ

Повик за Апликации #CEP-LEAD MK-01
LEAD MK Годишна стипендирана програма за млади (Linking, Engagement, Advocacy, Development)

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (CEP) повикува млади мажи и жени на возраст од 18 до 25 години да аплицираат за учество на годишната стипендирана програма LEAD MK.  LEAD MK e нова современа програма за лидерство и застапување која е креирана да овозможи млади луѓе од Македонија да ги подобрат своите вештини и знаења и преку нив да придонесат за позитивен развој  на своето опкружување но и на регионално и национално ниво.

Проектот за граѓанско учество е петгодишен проект  финансиран од УСАИД кој се стреми да постигне две цели: (1) зајакнување на влијанието на граѓанските организации кон политиките или програмите кои се од приоритет на граѓаните (2) зајакнат и одржлив младински ангажман за промовирање на благосостојбата во општеството.

LEAD MK програмата за стипендирање ќе биде раководена од страна на Националниот младински совет на Македонија.

Програмата за LEAD MK е подготвена на начин на кој ќе ги стимулира и обединува лидерските искуства на секој учесник преку концептот Заедница на искуства – група на луѓе кои делат иста пасија за нешто што го прават и кои учат како да бидат поуспешни во тоа што го прават преку меѓусебна комуникација и интеракција.

Проектот за граѓанско учество ќе селектира 20 млади кои ќе учествуваат на првата годишна програма за стипендирање LEAD MK.

LEAD MK програма е составена од неколку компоненти: учество во LEAD MK Академија: подготовка, развој и спроведување на LEAD MK проекти, учество во програми за личен развој и вмрежување. Проектот за граѓанско учество ќе даде поддршка на учесниците во програмата преку индивидуални стипендии, менторска поддршка и вклучување во разновидни младински активности.

Формуларот за пријавување можете да го најдете на овој линк, додека целосниот повик за апликации може да го најдете на овој линк. За повеќе информации контактирајте го Мартин Милошевски на martin.miloshevski@nms.org.mk.

Вашeто CV, aпликациска форма и две препораки  испратете ги на applications@nms.org.mk со назнака Апликација за LEAD Програма.

Рокот за доставување на апликациите е 20 јануари 16:30 часот.

Application Form[540,39 KB]

Клучни зборови

| конкурс | оглас