поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКА „КУЛТУРА И ПОЛИТИКА“

Фондацијата Отворено општество – Македонија објавува повик за 50 учесници на oбука „Култура и политика“, која има за цел на претставниците на граѓанските организации/неформални групи/поединци да им обезбеди пошироки познавања на темите „Култура и политика“, „Уметност и моќ“, „Култура на режимот“ и „Култура на отпорот“. Предавачи на обуката се Владимир Милчин, Златко Паковиќ, Борка Павичевиќ, Жарко Трајаноски, Славчо Димитров и Филип Јовановски.

Обуката ќе се одржи во Берово, хотел „Манастир“, и тоа во две групи: прва група во периодот 3-6 ноември 2016 година и втора група во периодот 17-20 ноември 2016 година. Учеството на обуката е без надомест и вклучува организиран превоз, сместување во двокреветни соби, оброци, збирка од избрани теориски текстови и референци за видео и арт продукции.

Заинтересираните кандидати треба да испратат куса биографија и писмо за мотивација најдоцна до 20 октомври 2016 година на електронската адреса: kire.milovski@fosm.mk, при што потребно е да наведат за кој термин се пријавуваат.
 
Избраните учесници ќе добијат логистички информации на 28 октомври 2016 година.

Повеќе информации на 02 2477-119. Лице за контакт: Кире Миловски.

Клучни зборови

| обука