поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ НА ОБУКИ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИ ОД ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ И НЕФОРМАЛНИ ГРУПИ

Проектот на УСАИД за граѓанско општество објавува повик за учесници на обука за буџетска транспарентност и отчетност. Обуката ќе им овозможи на учесниците да ја разберат буџетската транспарентност како клучен елемент за зголемување на отчетноста од страна на креаторите на политиките и подобрувањето на буџетските политики. Претставниците на невладините организации ќе се стекнат со знаења и информации за мониторирање, анализирање, дебатирање и застапување за буџетска транспарентност и отчетност. 

Во рамки на обуката ќе бидат разработени следниве сегменти:
• Јавни финансии, фискална политика, буџет и буџетски процес, легални рамки
• Буџетска транспарентност и отвореност - каде се наоѓа Македонија во однос на фискалната транспарентност? Како да се мери и мониторира буџетската транспарентност на национално ниво?
• Буџетска транспарентност  на локално ниво; анализа на основните буџетски документи во локалната самоуправа
• Како да се мониторира буџетската транспарентност на локално ниво? 
• Споредби помеѓу општините во Македонија во планирањето и остварувањето на приходите и расходите
• Анализа на транспарентноста и отчетноста на буџетските корисници во Македонија; Дали во Македонија има потреба и услови за буџетирање базирано на перформанси?
• Начини на зголемување на фискалната транспарентност на национално и локално ниво
• Подготвување граѓански буџет

Првата група учесници може да ја следи обуката од 1 до 3 април 2016 година, а втората група учесници од 15 до 17 април 2016 година. 

Кандидатите за учество на обуката треба да ги исполнуваат следните критериуми: 
• Активно членство во граѓанска организација или неформална група
• Да покажат интерес и разбирање за клучни прашања за граѓанскиот сектор на локално и/или национално ниво 
• Да покажат интерес за унапредување на работата на граѓанските организации и неформалните групи во кои се вклучени.

Сите заинтересирани кандидати треба да се пријават најдоцна до 29-ти март 2016 година, со испраќање кратка биографија и комплетно пополнета пријава на cspobuki@fosm.mk. Пријавата може да се преземе подолу.

Бројот на учесници е ограничен, максимум двајца претставници од иста организација може да бидат прифатени. При селекцијата на кандидатите предвид ќе биде земен етничкиот и родовиот баланс на групата, како и вклученоста на лицата со попреченост. Учеството на обуките е без надомест. Кандидатите треба да бидат во можност да учествуваат на обуките во горенаведениот период. Обуките ќе се одржуваат на македонски јазик од страна на искусни обучувачи на темите наведени погоре. 

Повеќе информации на: 
02/ 24 77 172
Влатко Петрушевски


Клучни зборови

| усаид