поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Конкурси
пронајди

КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ: 2018 COMMUNITY YOUTH

Фондациите Отворено општество објавуваат отворен конкурс за стипендии за сите динамични младински активисти на возраст помеѓу 18-30 години, заинтересирани да спроведат сопствени проекти кои афирмираат поврзаност помеѓу LGBTQIA (лезбијки, геј, бисексуалци, транссексуалци, квир, интерсексуалци и асексуалци) и ромската заедница, вклучувајќи ги и повеќеслојните форми на дискриминација со кои се соочува заедницата во здравствените установи. Проектите треба да се фокусираат на која било област од здравствените права релевантни за младата LGBTQIA ромска заедница, вклучувајќи ги и сексуалноста, репродуктивните права, попреченост, квалитет на живот како и пристап до здравствени услуги.

Преку овие стипендии, Фондациите Отворено општество овозможуваат поддршка на младите луѓе во почетната фаза на развој на одлични идеи кои ќе допринесат во совладувањето на предизвиците во нивните заедници, а воедно ќе ги промовираат вредностите на отвореното општество. Апликантите можат да употребат една или повеќе комбинирани стратегии кои ќе им помогнат во остварувањето на целите поставени во нивните проекти.

Повеќе информации на англиски јазик.

Повеќе информации на македонски јазик.

Писмо за намера на македoнски јазик.

Повеќе информации на ромски јазик.

Писмо за намера на ромски јазик.

ПИСМОТО ЗА НАМЕРА (ПН) ТРЕБА ДА СЕ ИСПРАТИ ДО 10 ЈАНУАРИ 2018 Г. (23:59 CET – СРЕДНОЕВРОПСКО ВРЕМЕ) ТУКА.

поврзани новости

нема поврзани новости