Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ СРЕДСТВА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ ВО МАКЕДОНИЈА

Од завршната конференција на проектот Пристап до правда во Македонија





На 27 јуни 2017 (вторник), со почеток од 10 часот, во хотелот Холидеј ин во Скопје, се одржа завршната конференција на проектот Пристап до правда во Македонија во организација на Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Настанот го отвори Н.Е. Самуел Жбогар, амбасадор на Европската Унија, кој посочи дека потребно е јакнење на капацитетите на Министерството за правда и неговите подрачни одделенија во однос на давањето бесплатна правна помош и дека се потребни повеќе финансии за унапредување на бесплатната правна помош со оглед на тоа што Македонија во последниот извештај на Советот на Европа за оценката на правните системи е рангирана меѓу последните држави.

Членката на Управниот одбор на ФООМ, Билјана Секуловска - Габер во име на Фондацијата искажа благодарност до Европската Унија за дадената поддршка за спроведување на проектот и посочи дека Фондацијата заедно со партнерските организации ги продолжуваат своите напори за унапредување на системот за бесплатна правна помош (БПП), но и правно зајакнување на граѓаните.

Потоа беа презентирани наодите од имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош во периодот 2016-2017 година кога и се спроведуваше проектот Пристап до правда во Македонија, како и резултатите од истражувањето за задоволството на граѓаните од добиената БПП. Исто така, беа презентирани и утврдените недостатоци на системот на БПП со особен акцент на предизвиците со кои се соочуваат здруженијата овластени за давање на БПП и препораките за негово подобрување.

Нада Наумовска, постара координаторка на програма во ФООМ, нагласи дека е клучно сите правни прашања да бидат опфатени со Законот за бесплатна правна помош, а не како до сега само за таксативно наброените правни прашања во Законот.

Проектот Пристап до правда во Македонија е финансиран од Европската Унија, а се спроведува од страна на ФООМ во партнерство со овластените здруженија за давање БПП, и тоа Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар Куманово, ЕХО Едукативно - хуманитарна организација Штип, Младинскиот културен центар Битола и Избор Струмица.

Целта на проектот е да се придонесе кон подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата преку оценување на задоволството од постојниот систем за бесплатна правна помош на граѓаните и утврдување на слабостите од неговото спроведување со цел застапување за негово подобрување. Додека пак специфичните цели на проектот се (1) обезбедување поддршка на овластените здруженија кои даваат претходна правна помош со цел подобрување на пристапот до правда и (2) обезбедување детална анализа на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош преку спроведување на независна оценка на системот за бесплатна правна помош и мерење на задоволството на граѓаните од системот за бесплатна правна помош и неговата достапност. Вкупната вредност на проектот изнесува 126.000 евра.

поврзани новости

нема поврзани новости