Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

РЕАКЦИЈА НА РОМСКИТЕ НВОи И АКТИВИСТИ ПО ОДНОС НА ИМЕНУВАЊЕ НА ЗАМЕНИЦИ МИНИСТРИ ВО ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Соопштение за јавност

Здруженијата на граѓани и активисти поддржувачи на оваа реакција го изразуваат своето незадоволство и разочарување од одлуката на премиерот Зоран Заев за распределба на заменици министри, бидејќи помеѓу именуваните заменици министри не е предложен ниту еден припадник на ромската заедница. Сметаме дека ваквата одлука директно ја доведува во прашање заложбата на оваа Влада за интеграцијата на Ромската заедница во општеството и особено пристапот на институциите и можноста на нас Ромите директно да учествуваме во одлучувачките процеси, и нашиот придонес во развојот на демократијата во нашата земја.

Иако оваа Влада отворено за време на кампањата искажа заложби за унапредување на состојбата на Ромите во Македонија, и поради тоа доби силна поддршка од страна на Ромската заедница, во пракса именувањето на само еден Министер без Ресор во Владата на Република Македонија креира чувство кај Ромската заедница дека состојбата на Ромите во Република Македонија се уназадува односно влошува. Овој потег веќе предизвикува реакции кај граѓаните од ромската заедница, и ќе кулминира во пресрет на локалните избори оваа есен.

Бараме претседателот на новата Влада да ја преиспита својата одлука по однос на распределбата на функциите во државата. Се надеваме дека  во предвидените планови за инклузија на Ромите во општеството и во јавните институции, се предвидува назначување на Роми/ки на раководни функции во државните институции кои се од витално значење за унапредување на положбата на Ромите во Република Македонија. Очекуваме дека и нашите претставници во извршната власт и законодавна власт - Пратеникот Курто Дудуш  и Министерот без ресор Самка Ибраимовски да  реагираат на ваквата одлука и јавно да ги застапат интересите на Ромите пред институциите.

Партиципативниот пристап за решавање на горчливите проблеми со кои се соочуваат Ромите подразбира и консултација со здруженијата на граѓани, активисти и интелектуалци од Ромската заедница, како и наименување на Роми/ ки на раководни места во рамките на новата Влада. За таа цел, здруженијата на граѓани  бараат средба со Ромските претставници од извршната власт како и премиерот Зоран Заев да ја образложат својатаа одлука за не-именување на Ром како заменик министер.

Веруваме дека искрениот дијалог и учество на сите заедници во одлучувачките процеси се приоритет на новата Влада. 

поврзани новости

нема поврзани новости