Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017
пронајди

ПОВИК ЗА 5 (ПЕТ) МЕНТОРИ НА ОРГАНИЗАЦИИ КОИ РЕАЛИЗИРААТ ПРОЕКТИ ВО ОБЛАСТА НА РЕФОРМИ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА

I. За „ Фондација Отворена општество – Македонија„
„Фондација Отворена општество – Македонија„ (ФООМ) е основана во 1992 година како претставништво на странско лице, а во 1999 година како национално правно лице – фондација, во согласност со Законот за здруженија на граѓани и фондации. ФООМ е дел од Соросовата мрежа фондации во централна и источна Европа. Посветена на промовирањето отворено општество и на градењето динамични и толерантни демократии, чии влади се отчетни кон своите граѓани, ФООМ иницира и спроведува сопствени активности и ги поддржува иницијативите на поширокото граѓанско општество во државата во согласност со својата мисија и цели.
ФООМ поддржува и спроведува широк спектар активности во граѓанското општество, од изградба на капацитети до проекти кои придонесуваат во процесите на креирање јавни политики и застапување за општествени промени. За да одговори на потребите на различни целни групи, а особено на младите, Ромите и на социјално маргинализираните, ФООМ соработува со други невладини и меѓународни организации и донатори во насока на преземање акции кои негуваат одржлива демократија.

Преку четири взаемно зајакнувачки области на работа, во 2017 година „Фондацијата Отворено општество – Македонија„ (ФООМ) има за цел да го зајакне учеството на граѓанското општество кое лежи во основата на локалната демократија, да ги подобри образовните политики, да се залага за спроведување на реформи поврзано со ЕУ и да ги унапреди политиките и практиките за маргинализираните групи. Активни граѓани за демократско владеење и социјална кохезија е промената што ФООМ сака да ја постигне на крајот од овој стратегиски период.

II. За „ ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии„
ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии (поранешен Македонски центар за европско образование) е невладина, непрофитна и неполитичка тинк-тенк организација основана во септември 2002 година. ЕВРОТИНК е организирана во формата здружение на граѓани, а во неа членуваат 23 лица. Членовите на ЕВРОТИНК се обучувачи за ЕУ, сертифицирани од InWEnt од Бон и Институтот за европски политики (Institut für Europäische Politik) од Берлин, Сојузна Република Германија, како и обучувачи за пишување на јавни политики сертифицирани од Иницијативата за локална власт на Институтот Отворено општество од Будимпешта, односно професионалци кои придонесуваат за пристапувањето во ЕУ и европеизацијата на општеството.

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го следи процесот на пристапување, а своите истражувања ги фокусира на политичкиот критериум, поглавјето 23 – судство и основни права, како и на искористеноста на европските фондови. Организацијата од својата работа досега има објавено голем број на публикации кои се достапни и во електронска форма преку организацискиот веб портал. ЕВРОТИНК работи и со медиуми со цел да го подобри известувањето за пристапниот процес, меѓудругото изготвувајќи алатки кои им помагаат на медиумите да разберат дека пристапувањето кон ЕУ е всушност внатрешна, а не надворешна политика.

III. Информации за проектот
Проектот “Граѓанска алијанса за транспарентност – Набљудување на процесот на реформи на јавната админстрација од страна на граѓанските организации” има за цел да го унапреди учеството на граѓанскиот сектор во градење на јавното мислење, развој на политики и учество во процеси на одлучување на национално и локално ниво во делот Реформи на јавната администрација.  Специфични цели на проектот се (i)  поддршка на граѓанските организации при спроведување на мониторинг базиран на докази (ii) креирање на простор за соработка со цел унапредување на квалитетот на реформата на јавната администрација.

Клучни целни групи вклучуваат национални и локални граѓански организации, централни и локални државни институции и медиуми.

Реформата на јавната администрација формално е предвидена како владин приоритет и е дел од “Препораките на сениорската експертска група за системското владеење на правото за прашања кои произлегуваат од следењето на комуникациите објавени во пролетта 2015 ” и Итните реформски приоритети. Иако реформата на јавната администрација е предвидена како стратешки приоритет на државата, сепак од последниот извештај за напредокот според ИПА механизмот во делот на консултации забележана е потреба за подобрување на дијалогот и соработката со граѓанскиот сектор во процесот на донесување на одлуки и пристап до информации како предуслов за застапување базирано на докази.

Врз основа на консултациите реализирани по ова прашање, утврдени се следните предизвици: вклучувањето во процесите на одлучување е попречено поради нерационалните рокови за консултација и злоупотребата на итната/скратената постапка за усвојување на законодавството кое станува пракса; недостапноста на ажурирани податоци на владините веб страни; ограничување на пристапот до информации преку категоризирање на информации и документи како “класифицирани” или “само за интерна употреба” и неуспехот на контролниот механизам да го заштити јавниот интерес од ваквите практики.

IV. Проектни активности 
Проектните активности се поделени во 6 целини:
1. Развој на тематски извештаи од областа на реформа на јавната администрација;
2. Комуникациски и медиумски опфат на извештаите;
3. Изработка на ад хок документи на политики врзани со реформа на јавната администрација;
4. Градење синергии со граѓански организации и надлежни институции;
5. Реализирање на шема на субгрантирање;
6. Градење на капацитетите на грантистите за вршење на мониторинг на реформите на јавната администрација.

V. Грантова шема
Добиените грантови се од областа на доменот на следните фокус области, како дел од реформата на јавната администрација:
• Стратешко планирање, координација и развој на политики;
• Менаџмент на јавни финансии, транспарентност и отчетност;
• Менаџмент на човекови ресури;
• Организација на органи на државна управа.

Во добиените грантови ќе бидат вклучени следниот тип активности:
• Разработка на методологија за реализација на истражувачки мониторинг активности;
• Изработка на минимум една анализа/извештај во која се претставени клучните наоди од спроведените истражувачки монторинг активности;
• Изработка на комуникациска стратегија за промоција на проектните активности, вклучително и промоција на мониторинг анализата/извештајот.

Период на реализација на активностите е јуни 2017 – јануари 2018 (8 месеци). Во рамки на првата грантова шема се доделени 6 грантови во висина од 7000-9000 евра во денарска противвредност.

Имплементирањето на грантовата шема треба да допринесе кон:
• Унапредување на знаењето и вклученоста во процесите врзани со реформа на јавната администрација;
• Креирање на овозможувачка средина за граѓанскиот сектор;
• Овозможување на граѓанските организации ефективно да учествуваат во консултативните процеси преку зајакнување на нивните капацитети за спроведување на мониторинг базиран на докази, разбирање на реформите на јавната администрација и реализација на активности за застапување;
• Унапредување на дијалогот помеѓу носителите на одлуки и граѓанскиот сектор.

VI. Задачи на менторот
За потребите на поректот потребен е ангажман на 5 ментори. Главна задача на менторот е да  овозможи поддршка и стручен совет на граѓанските организации при имплементација на  активностите  предвидени во доделените грантови.

Mенторот ги има следните работни задачи:
• Да изработи менторски план за период од 6 месеци, базиран на анализата на потребите за соодветната организација;
• Да овозможи поддршка на  проектниот тим со цел навремено и целосно исполнување на проектните активности на одредениот грантист;
• Заедно со проектниот тим да го доработи Прилог 4 од проектната апликацијата односно индикаторите за мерење на напредокот на проектот;
• Да се осигура дека навремено и суштински се исполнуваа рамката за индикатори за мерење на напредокот на проектот;
• Да помогне во развој и спроведување на  комуникациската стратегија;
• Доколку има потреба, да го унапреди методолошкиот пристап за спроведување на мониторинг активностите;
• Да го менторира процесот на изготвување на мониторинг извештајот/ анализата;
• Да го менторира процесот на организација и одржување на јавни настани за промоција на проектните активности.

VII. Временска рамка 
За реализација на горенаведените активности, ангажманот на менторот започнува на на 01.07. 2017 и трае заклучно со 31.12.2017.

VIII. Критериуми за избор
Кандидатот е потребно да ги исполнува следните услови:
• Да има искуство со работа на теми поврзани со  реформата на јавната администрација, односно да е запознаен со релевантните извештаи, анализи и останати документи од областа на реформа на јавна администрација на национално и меѓународно ниво, со особен акцент на европски документи и извештаи;
• Да има искуство со работа на европски проекти;
• Да има искуство со менторирање на граѓански организации;
• Да има искуство со развој на методологија за мониторинг;
• Да има искуство во изработка на мониторинг извештаи и анализи.
• Да има релевантно стручно образование.

IX. Начин на аплицирање и надоместок:  
Заинтересираните експерти потребно е да поднесат CV, вклучително и референци кои се од важност за типот на работната задача. Рокот за поднесување на апликациите е 18.06.2017 на следната email адреса caft@fosm.mk.
За извршената работа предвиден е бруто месечен надометок од 150 евра во денарска противвредност.

Лице за контакт:
Диана Жупаноска
diana.zupanoska@eurothink.mk
Проектна координаторка
ЕВРОТИНК- Центар за европски стратегии

поврзани новости

нема поврзани новости