Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Општо
пронајди

ДАЛИ НАЦИОНАЛИСТИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ЈА ОДВЕДАТ ЗЕМЈАТА ВО ПРОПАСТ?

Како треба да реагира Вашингтон

Како треба да реагира Вашингтон

Од Едвард П. Џозеф и Огнен Вангелов | 23 мај 2017 година
 
Тензичните избори во 2016 година ги изнесоа на виделина суровите поделби во земјата. Силната поларизација ги извади демонстрантите на улица. Формална истрага надвиснува врз најмоќната личност на нацијата, кој, пак, работи на попречување на процесот. Наместо да заземат јасен став против ваквото флагрантно прекршување на принципите, Републиканците во САД или креваат раменици или даваат индиректна поддршка за сега веќе притеснетиот лидер. Москва со радост ја следи ситуацијата и истовремено се обидува да посее сомнеж за институциите на државата, па дури и за самиот концепт на демократијата.

Иако паралелите се повеќе од очигледни, горенаведениот опис не се однесува на Соединетите Американски Држави, туку на Македонија, мала земја на Балканот која со забрзано темпо се покажува како пример за она што се случува во демократиите каде лидерите може да го заобиколат владеењето на правото. Додека стабилноста на Македонија виси на конец, републиканските сенатори во Конгресот на САД неодговорно се вмешаа во ситуацијата и со тоа помогнаа поинтензивно мешање од Русија.

ВЛОШЕНА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА

Недоличното однесување на владата во Македонија, како и на онаа во Соединетите Американски Држави, е поттикнато од заканата за кривични постапки. Никола Груевски, поранешниот автократски премиер на државата, е предмет на неколку истраги кои минатата година ги отвори специјалната јавна обвинителка. Наводите за првпат се појавија во 2015 година, кога лидерот на опозициската Социјалдемократска партија, Зоран Заев, објави пакет прислушувани разговори кои се чини дека открија систематски злоупотреби од страна на високи функционери во владата на Груевски, па дури и можен заговор за сокривање убиство. Сензационалните откритија поттикнаа долготрајни протести и растечка тензија, подготвувајќи го теренот во Македонија за насилна конфронтација.

Интервенцијата во кризата од страна на ЕУ и САД резултираше со потпишување на Договорот од Пржино, кој го создаде специјалното јавно обвинителство и го принуди некогаш непобедливиот Груевски да се повлече од функцијата во јануари 2016 година, во пресрет на новите избори кои требаше да се одржат три месеци подоцна. Поради целосна контрола што неговата влада ја имаше воспоставено врз судството во тоа време, Груевски на почетокот сосема погрешно калкулираше дека тој лесно ќе влијае и врз специјалната јавна обвинителка и дека ниту еден суд во Македонија нема да прифати докази кои потекнуваат од незаконско прислушување. Неуспехот за исполнување на точките од Договорот, особено оние кои се однесуваа на потребните услови за слободни и фер избори, ги одложи изборите до минатиот декември. По нивното завршување, националистичката партија на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, не обезбеди мнозинство во Парламентот поради тесниот резултат: партијата освои 51 наспроти 49 пратенички места за опозициските социјалдемократи на Заев во собрание со вкупно 120 пратенички места. Наметливиот Груевски не успеа да формира коалициска влада бидејќи албанските партии го одбија неговото барање за укинување на специјалното јавно обвинителство. (Етничките Албанци изнесуваат околу една четвртина од населението во Македонија и се постојан коалиционен партнер во секоја влада.)

Планот Б на Груевски беше обид да се изнудат нови избори под изговор дека политичката криза влегла во ќорсокак по неколку месечен филибастер од страна на ВМРО-ДПМНЕ и спречување на новото мнозинство да избере Претседател на Парламентот. Потоа, тој би се обидел да ги намести резултатите преку комбинација на изборни измами и заплашувања. Од март наваму, претседателот Ѓорге Иванов, кој Груевски лично го избра за свој соработник, му ја ускратува можноста на Заев да формира влада, разгорувајќи ја кризата. Пред две недели, ваквиот застој доведе до насилна конфронтација. Заев успеа да ги собере гласовите за изгласување нов претседател на Парламентот, кој доаѓа од редовите на етничките Албанци. Разгневени од фактот дека новото мнозинство избрало албански претседател, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ насилно влегоа во Парламентот додека полицијата стоеше настрана, а некои од нив дури и ѝ се приклучија на топлата, тепајќи опозициски парламентарци. Шокантна фотографија од таа сцена го прикажува Заев облеан во крв која му тече од челото, додека тој се обидува да ги смири неговите силеџиски напаѓачи.

Груевски и Иванов се прогласија себеси за патриотски бранители на етничкото македонско мнозинство наспроти изгледите за влада која би ја воделе социјалдемократите и албанските коалициски партнери, за која тие тврдат дека би ја компромитирала независноста на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ сугерира дека Заев и социјалдемократите се предавници бидејќи ја прифатиле наводно сецесионистичката Тиранска платформа, која претставува пакет барања од страна на неколку албански политички партии, со цел да си обезбедат коалициски партнери. Една од целите на платформата е албанскиот јазик да стане официјален јазик во целата земја, паралелно со македонскиот.

Но, и самиот Груевски ја толерираше истата платформа во очајниот обид да состави парламентарно мнозинство со албанските партии кои претходно го одбија. Тој ја делеше власта со албанската партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) од 2008 година, а новиот претседател на Парламентот – Албанец претходно беше министер за одбрана во неговата влада. Во суштина, Груевски почна да дава изјави за ваквиот албански иредентизам дури откако ДУИ одби да му даде поддршка за тој да формира парламентарно мнозинство и наместо тоа одлучи да ја поддржи опозицијата. За да го замаскира ретерирањето од својата претходна одлука и да му го додели мандатот за формирање влада на Заев (потег кој дојде по директен притисок од ЕУ и САД), Иванов инсистираше Заев да даде изјава со гаранции за територијалниот интегритет на Македонија.

Кризата нема да заврши сега кога Заев стапува на функција, туку ќе влезе во нова фаза. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги продолжат своите напори за дестабилизирање на владата и изнудување нови избори со цел да избегнат затворски казни. Повторно, надворешните фактори како што се САД, ЕУ и Русија ќе имаат клучно, па дури и одлучувачко влијание врз оваа мала земја, која има население од нешто повеќе од два милиони жители и не е поголема од државата Вермонт.

Политичката криза нема да заврши сега кога Заев стапува на функција, туку ќе влезе во нова фаза.

За жал, Македонија привлече голем интерес меѓу Републиканците во Конгресот на САД, поттикнат од нивната загриженост за филантропската работа на инвеститорот Џорџ Сорос. Неколку републикански членови на Конгресот и Сенатот, вклучувајќи го и сенаторот од Јута Мајк Ли, побараа од државниот секретар Рекс Тилерсон да истражи „како американските средства се користат... од страна на УСАИД за поддршка на левичарски политички групи и за наметнување на левичарски политики врз одредени суверени нации“ преку работата на Сорос и неговата про-демократски ориентирана Фондација Отворено општество. Во последните 25 години, УСАИД и Отвореното општество великодушно и транспарентно ги помагаа демократските процеси во Македонија, вклучувајќи и финансиска поддршка за проектите на министерствата од владата на Груевски. Според директорот на Иницијативата за отворено општество во Европа, Горан Булдиоски, лажните наводи првпат се појавија „во леток дистрибуиран до Конгресот од страна на една македонска група, Стоп Операција Сорос, основана од Цветин Чилиманов, уредник во македонската новинска агенција и поранешен службеник во кабинетот на Претседателот“, кои беа некритички прифатени од републиканските сенатори. Во исто време, Русија и автократите како Груевски и унгарскиот премиер Виктор Орбан ги етикетираа Сорос и Отвореното општество како „закана за националната безбедност“, наведувајќи дека милијардерот поддржува организации и групи чија единствена цел е да го поткопаат суверенитетот на овие земји. Во регион каде моралниот авторитет на САД е сè уште доминантен, ваквата промоција на теориите на заговор која доаѓа од Вашингтон има охрабрувачки ефект, не само за Груевски и Орбан, туку и за рускиот претседател Владимир Путин.

РЕГИОНАЛНА ОПАСНОСТ

Иако ја дели православната религија и кириличното писмо со Македонија, Русија традиционално посветувала мало внимание на оваа земја, за разлика од нејзиниот поголем сосед - Србија. Сето тоа се смени по избивањето на скандалот со прислушувањето во 2015 година и соочувањето на владата на Груевски со нејзината можна пропаст. Русија ја сметаше владата за сојузник во нејзините планови за гасовод во регионот, на кои им се спротивстави ЕУ. Во последните неколку години, руското министерство за надворешни работи почна да издава редовни соопштенија во поддршка на Груевски, а неодамна значително го зголеми бројот на персонал во својата амбасада во Скопје. Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров континуирано го напаѓаше Западот за интервенирање против Груевски, а самото министерство за надворешни работи алудираше дека Западот се меша во внатрешните работи на Македонија со цел да го реализира својот проект за „Голема Албанија“.

Импликациите од оваа контроверзија одат подалеку од границите на Македонија. Во опасност се ставаат севкупните заложби на Западот за всадување на демократски вредности и стабилизирање на неискусните демократски влади во земјите на Балканот како бедем против натамошни изливи на меѓуетничко насилство. Благодарение на националистичките повици од ВМРО-ДПМНЕ, тензиите меѓу македонското мнозинство и албанското малцинство веќе се зголемуваат, додека Албанците - заедно со Сорос - се прикажуваат дека се во сојузништво со оние кои сакаат да го „загрозат опстанокот на земјата“.

Антидемократскиот цинизам се зголемува и во соседна Србија, каде демократските институции и слободата на медиумите се загрозени за време на владеењето на премиерот Александар Вучиќ. Неодамна, големите протести против владеењето на Вучиќ почнаа да слабеат. Во меѓувреме, Русија продолжува да се претставува пред српската и пред македонската јавност како алтернатива на евро-атлантските интеграции, преку туркање на агендата за „територија на неутрални суверени држави“ на Балканот која би ги вклучила Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија. И во Босна се зголемува поларизацијата, бидејќи Милорад Додиќ, лидер на српскиот субјект во земјата, т.е. Алијансата на независни социјалдемократи, почнува бесрамна и опасна кампања за сецесија. Косово, кое дели често поминувана граница со Македонија, е заглавено во жестоки кавги, а продолжената недоверба меѓу доминантното албанско население во земјата и српското малцинство силно влијае на дисидентскиот север. Ако Македонија западне во хаос, реперкусиите ширум регионот ќе се почувствуваат веднаш.

СЛЕДНИТЕ ЧЕКОРИ НА ВАШИНГТОН

Во ваква лесно избувлива ситуација, од клучно значење е Вашингтон да го преземе водството. Како и секогаш, европските главни градови само повремено им посветуваат внимание на земјите од Балканот. За почеток, САД треба да ги притисне Берлин и Брисел да се приклучат, не само во обезбедување помош и стимулации, туку и во изолирање, ставање на црни листи (одбивање да се даде виза) и замрзнување на имотот на чинителите кои ја разгоруваат кризата и ја рушат демократијата за стекнување или одржување на сопствената политичка моќ. На домашен план, државниот секретар Рекс Тилерсон треба да апелира до Републиканците во Сенатот да престанат со нивните вмешувачки, опасни и неосновани напади врз УСАИД и Сорос.

Потоа, Тилерсон мора да се врати на прашањето кое сите негови претходници го занемаруваат, а тоа е решавање на грчкиот спор со Македонија во однос на името на земјата. Преку барањето Македонија да го смени своето име, Атина го блокираше членството на земјата во НАТО и во ЕУ. Времената спогодба постигната под покровителство на САД и потпишана меѓу Грција и Македонија во 1995 година ѝ дозволува на Македонија да влезе во сите меѓународни организации под привремената референца „поранешна југословенска Република Македонија“. Сепак Атина, во знак на отпор кон пресудата од Меѓународниот суд на правдата во која се утврдува вината на Грција за прекршување на спогодбата, продолжува да го блокира пристапувањето на Скопје во НАТО и напредокот кон членство во ЕУ. Само пристапување во НАТО и ЕУ може вистински да ги стабилизира демократските институции во земјата и да ја потисне пројавената тенденција за насилство, сецесија, па дури и распад.

Само разумните и одлучните глави во Вашингтон, во итна соработка со нивните европски пандани, може да го сменат курсот за да се избегне најлошото во Македонија и во регионот.

Извор: foreignaffairs.com | Will Macedonia's Nationalists Bring the Country to Ruin?

поврзани новости

нема поврзани новости