Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Слобода на изразување
пронајди

Стоп за говорот на омраза кој поттикнува ликвидација на учесници на ТВ Дебата!

„Фронтот за слобода на изразување“ најостро го осудува говорот на омраза кој поттикнува ликвидација на учесници на ТВ Дебата. Говорот на омраза кој поттикнува насилство нема ништо заедничко со правото на слобода на изразување. „Фронтот за слобода на изразување“ најостро го осудува говорот на омраза од страна на новинарот Миленко Неделковски, кој беше објавен не само на социјалните мрежи, туку и на неговиот портал „Дудинка“:

„Дојде време за метак у чело. Нема друг лек. Мора да се исчистиме од баграта“ (со линк до дебатната емисија „24 студио“ од 09.04.2014 во која учествуваа тројца колумнисти).

„Фронтот за слобода на изразување“ потсетува дека ваквиот говор на омраза нема ништо заедничко со новинарската етика и дека етичка должност на новинар(к)ите не е само да се оградуваат од говор на омраза, туку и јавно да го осудуваат. Затоа, „Фронтот за слобода на изразување“ ги повикува сите здруженија на новинар(к)и и здруженија за човекови права јавно да го осудат овој силеџиски атак врз учесници на дебата, што претставува и атак врз слободата на изразување како темел на демократијата.

Фронтот за слобода на изразувањето (sloboda.kauza.mk) е широка платформа составена од поединци, организации, институции и неформални групи кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – зачувување и унапредување на основното човеково право – слободата на изразување во, првенствено во Република Македонија, но и секаде во светот.

Фронтот го сочинуваат следните граѓански организации: Хелсиншки комитет за човекови права на РМ, Центар за развој на медиуми (ЦРМ), Метаморфозис, фондација за интернет и општество, Цивил – Центар за слобода, Фондација Отворено општество Македонија (ФООМ), НВО Инфоцентар, Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“- Скопје, Македонски центар за европско образование (МЦЕО), „Јавност“ – Центар за нови политики и слобода на медиуми, „Јадро“ – Асоцијација на независна културна сцена и Здружението на граѓани Контрапункт.

Извор: Фронт за слобода на изразување „Стоп за говорот на омраза кој поттикнува ликвидација на учесници на ТВ Дебата!“ 11 април, 2014.

поврзани новости

нема поврзани новости