Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Унапредување на човековите права во здравството
пронајди

Одржана работилницата „Школа за креативен активизам“ во Охрид и Скопје

Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ), во соработка со Мрежната програма за јавно здравство при ФОО, во периодот од 18 до 23 март, во Охрид и Скопје, организираше работилница „Школа за креативен активизам“.

Целта на работилницата бешe да се претстави иновативен и ефикасен модел на организирање и застапување кој произлегува и ја користи силата на активистите - нивната креативност и познавање на домашниот контекст и култура. Учесниците имаа можност да научат за историјата, теоријата и техниките на креативниот активизам, тактиките за соработка, развивањето на стратегија и цели за креативна кампања, за потоа, заедно да испланираат, креираат и изведат проект кој во себе ги содржи сите елементи на креативен активизам.

Работилницата ја водеа Стивен Данкомб и Стив Ламберт од Центарот за креативен активизам, Њујорк. Повеќе информации за Центарот може да најдете на следниве линкови: http://artisticactivism.org/school-of-creative-activism/ и https://www.facebook.com/artsactivism .

Креативни активистички практики се оние кои применуваат естетски алатки на тактички и стратегиски начин во рамките на организацијата и имаат за цел поефективно да донесат социјална промена. Креативниот активизам користи перформанси, визуелизација, музика, раскажување приказни, односно сите форми на уметност, за да допре до срцата на луѓето и да го смени нивното размислување. Во рамки на организацијата, креативниот активизам користи креативни процеси кои им помагаат на активистите стратегиски да ги осмислат кампањите, да ги развијат и да ги постигнат нивните цели. 

Работејќи директно со активистите, школата ги здружува силите на активизмот и креативноста во курикулум кој вклучува: 

  • обучување за културни тактики и креативни стратегии кои активистите веќе ги користеле;
  • препознавање и градење врз основа на постоечките културни ресурси и креативен талент на индивидуите, организациите и заедниците;
  • заедничко спроведување на сценарија и планирање кампањи кои ги користат културата и креативноста; и
  • градење на мрежа од активисти и креативци користејќи го модел на креативно организирање кој најмногу одговара на актуелниот контекст.
Учесници на работилницата во Македонија, беа граѓански активисти кои работат на унапредување на човековите права на маргинализираните заедници во Македонија, како и активисти од неколку младински здруженија. Првиот дел од работилницата се одржа во Охрид, каде што учесниците има можност да се запознаат, да ги споделат своите активистички искуства и да научат нови техники и стратегии. А потоа, во Скопје, во еден ден, осмислија заеднички настан, кој се случи во Градскиот парк на 22 март. Темата на заедничкиот настан беше промовирање на нова држава во која владеат почитувањето на различностите и еднаквоста. Граѓанин на државата се стануваше со поминување низ влезната порта по што секој добиваше лична карта. Пополнувајќи ги личните карти, посетителите имаа можност да размислуваат за себеси, своето место во општеството и за секојдневните причини за кои секој е херој/хероина на свој единствен начин. Настанот го посетија повеќе од  500 граѓани.

Клучни зборови

| јавно здравство