Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Борба против корупција
пронајди

Одржана дебата за состојбите и предизвиците во политиката за заштита на конкуренцијата





Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) и Фондацијата отворено општество - Македонија (ФООМ), на 6-ти март одржаа дебата на тема „Политика за заштита на конкуренцијата - состојби и предизвици“ на која се говореше за спроведувањето на политиката за заштита на конкуренцијата со посебен акцент на обврските кои произлегуваат од пристапувањето на Македонија во Европската унија.

Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Благој Чурулинов, говореше за тоа дека еден од основните проблеми на ова државно тело, покрај оној со скромниот буџет, е и малиот кадар за што се надеваат дека Државата ќе им излезе во пресрет во правец на соодветно кадровско надополнување.

Јадранка Аризанковска, висок советник во Стопанска комора на Македонија, истакна дека Комората нема никаква улога во однос на законот на заштита на конкуренцијата но коморите имаат други законски и статутарни надлежности а тоа е да ги обединуваат интересите на членките за различни прашања што го засегаат бизнисот и да ја протежираат лојалната конкуренција на пазарот. Во рамки на Комората функционираат разни форми на здружување на фирмите кои често разговараат во делот на елиминирање на бариерите за слободна пазарна економија. 

Претседателка на Организацијата на потрошувачи на Македонија, Маријана Лончар-Велкова, говореше за тоа дека монополите се дозволени и нормални во економија од овој обем, но не можете да имате голема конкуренција особено кај природните монополи, но затоа има одредена регулатива која што ги регулира цените, здружувањата, забранетите картели, итн. Нечесната пазарна пракса и ограничувањето на конкуренцијата со примена на нечесна пракса на бизнис операторите е во фокусот на нивните интереси, истакна Лончар-Велкова. Потрошувачите се оние кои се најзагрозени од монополите и нивното обештетување претставува најголем проблем, како во случајот на ЕВН кога во сметките за струја внесе манипулативни трошоци од 260 денари, за кои беа казнети, но потрошувачите не беа обештетени бидејќи била потреба групна тужба и согласност од секој потрошувач, а тоа е речиси невозможно во случајот со сметките за струја. Се обиделе преку народниот правобранител, спогодбено фирмата што го направила тоа да им одбие на потрошувачите од сметката за струја, но тоа не се случило, компаниите чекаат некој да тужи, а никој нема да тужи за 260 денари. Оттука, во иднина тие бараат да профункционира спогодбеното решавање на споровите, иницирањето на потрошувачка арбитража и решавање на споровите во управна постапка.

Адвокатката Маја Јакимовска посочи дека често пати доаѓа до судир на законите по што тие им даваат совети на клиентите во која насока да преземат решение за да не дојде до нарушување на пазарот. На крајот таа истакна дека за да има ефективно спроведување на политиката за заштита на конкуренцијата мора сите учесници во тој процес, и економските субјекти и потрошувачите, да бидат запознаени со законската регулатива.

На дебатата во ЕУ Инфо центарот учествуваа и Бартоломеј Кајази кој говореше за подигнувањето на јавната свест за важноста од политиката за заштита на конкуренција и професорката Даниела Мамучевска од Економскиот факултет која говореше за практичните аспекти на законот за заштита на конкуренција.

поврзани новости

нема поврзани новости