Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Правна програма
пронајди

Само една третина од политичките партии поднеле годишни финансиски извештаи

Галерија

Транспарентност Македонија (TM), во соработка со Фондацијата Отворено општество - Македонија, на 26-ти декември ја претстави анализата “Парите во политиката”, годишен извештај за 2013 година, кој се однесува на транспарентноста во финансиското работење на политичките партии.

Од вкупно регистрираните политички партии, само 29 проценти поднеле финансиски извештај за 2013 година. Иако е забележано зголемување во однос на 2011 кога финансиски извештаи поднеле 11 проценти од партиите, сепак и натаму останува впечатокот дека политичките партии не се плашат од законски предвидените санкции, што пак укажува на слабост на контролниот механизам, стои во извештајот на ТМ. 

Во извештајот се утврдени недостатоци во законската рамка за редовното и изборното финансирање, непочитување на обврската за поднесување извештаи за редовно финансирање до надлежните институции,  како и неподготвеност и недоволен капацитет на надлежните институции за контрола на изборното финансирање.

Според ТМ потребно е дополнително зајакнување на финансиските и човечките капацитети на Државниот завод за ревизија како клучна институција  за контрола на политичкото финансирање.

Извештајот го нотира и несоодветното применување на Законот за слободен пристап до информации. Од вкупно 132 барања, во 83 отсто ТМ се соочиле со молк на администрацијата, а ниту една институција не дала целосен извештај. 

Публикацијата „Парите во политиката“ е дел од проектот “Транспарентност во финансирањето на политичките партии” што Транспарентност Македонија го спроведуваше во изминатите три години во соработка со ФООМ.