Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Образование
пронајди

Промовиран прирачникот „Креативен пристап во наставата“

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски” од Скопје, на 24-ти декември го промовираше прирачникот „Креативен пристап во наставата - прирачник за наставници кои развиваат критичко мислење кај учениците“.

Прирачникот, изработен од авторите Весна Јаневски, Тања Андонова Митревска, Наташа Анѓелеска, Радмила Стројманова и Миле Гочев, кој има за цел да ги приближи новините во теоријата и праксата на процесот на критичкото мислење на учениците, истовремено е од особена важност за наставниот кадар во основното и средно образование. 

Промоторот на прирачникот, проф. д-р Флорина Шеху од Педагошкиот факултет, истакна дека прирачникот ги поставува основите за развој на креативноста во науката, и помага наставниците да навлезат во новите методи и сфаќања на науката. Според Шеху, прирачникот е податлив и применлив, а низ бројните практични примери  содржани во него го прават прирачникот сосем близок до наставниците. 

Наташа Анѓелеска, една од авторките, истакна дека прирачникот нуди нови и ревидирани аспекти на наставната дејност. Прирачникот содржи делови за планирање во наставата, оценување, како и техники за учење и настава, а на крај се додадени и примери од реализирани часови по одделни наставни предмети во училишта во нашата држава. Истовремено, сите техники и методи опфатени во прирачникот се прилагодени на домашниот образовен систем. Прирачникот е преведен и на албански јазик и со тоа се овозможува уште поширока примена во училиштата.

ФООМ и Педагошкиот факултет ја истакнаа важноста и предноста од долгогодишната соработка во искористувањето меѓународни и домашни искуства, коишто придонесуваат за подобрување на наставниот процес и образованието.