Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Правна програма
пронајди

Претставена платформата „SlobodenPristap.mk“


Правната програма на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во соработка со Фондацијата „Метаморфозис“, на 11-ти декември ја претставија интернет платформата „Слободен пристап“ (slobodenpristap.mk) која има за цел да помогне во процесот на барање информации од јавен карактер.

Поделена во два дела, за иматели и баратели, платформата „Слободен пристап“, овозможува  лесен и едноставен пристап до барање, или давање на информации од јавен карактер. Оној кој бара информации, со претходно регистрирање, ќе може да испрати барање за пристап до информации од јавен карактер до соодветната институција, а потоа во рок од триесет дена ќе му биде доставен одговор преку електронска пошта. Истовремено, одговорот заедно со барањето ќе бидат јавно објавени на платформата, со што ќе им се помогне на идните баратели доколку имаат потреба од сличен одговор. Платформата, исто така, овозможува и повратен ефект кон имателите на информации, бидејќи барателите ќе имаат можност да го оценуваат квалитетот на добиените информации. За создавањето на платформата известени се Министерството за информатичко општество и администрација и Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер. Листата на иматели на информации објавена на платформата е преземена од Комисијата.

Создавањето на ваква платформа е резултат на неодамнешното истражување на Правната програма на ФООМ, во кое 26 отсто од испитаниците одговориле дека преферираат да поднесат барање преку е-маил, а 31 отсто сметаат дека поднесувањето барање преку е-маил е најидеалниот начин. Оттаму, ФООМ и „Метаморфозис“ очекуваат платформата значително да го подигне процентот на поднесени барања за пристап до информации од јавен карактер. 

Клучни зборови

| информации | право