Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа
пронајди

Правна програма и Програма за реформа на јавната администрација

Барање за утврдување во извештаите на работните тела за Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор да не се даде на натамошно читање

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) до Собранието на РМ достави Барање до Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и до Законодавно-правната комисија во Собранието на РМ за утврдување во извештаите за Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор, Предлог-законите да не се дадат на натамошно читање (согласно член 142 од Деловник на Собранието на РМ).

Имено, ФООМ е согласна дека има потреба од донесување на нов закон со кој ќе се реформира јавната администрација, со оглед дека оваа реформа беше еден од петте “столба“ и на Пристапниот дијалог на високо ниво (HLAD) што е од важност за европскиот интегративниот процес. Но, Предлог-законите треба да бидат подготвени во консултативен процес со засегнатите страни, што не е почитувано од страна на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА). На ден 21 номеври 2013 година на страната на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и на веб страната на МИОА беа поставени две известувања за почеток на процесот на подготовка на Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор. Подоцна, на 2 декември 2013 година на страната на ЕНЕР и на страната на МИОА беа поставени овие два Предлог-закони, како и Извештаите за проценка на влијанието на регулативата. Согласно Деловникот за работа на Владата на РМ, член 71 став 4: „Секоја заинтересирана страна може во единствениот електронски регистар на прописи да достави мислење, забелешки и предлози во врска со објавените предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на законите во рок од 10 дена од денот на објавувањето.“ Ова значи дека за Предлог-законите рокот за нас како заинтересирана страна е до 12 декември (четврток) 2013 година.

Дополнително, Предлог-законот за административни службеници концептуално и содржински не нуди новини согласно европските стандарди и најдобрите европски практики, односно со него не се надградуваат постојните решенија содржани во Законот за државните службеници и Законот за јавните службеници. Посебно е проблематично утврдување на „кабинетски службеници“ кои не се опфатени со категориите на работни места на административните службеници (член 22). Со Предлог-законот за административни службеници се уназадува веќе воспоставената независност и самостојност на Агенцијата за администрација, што беше позитивно оценето и во „Извештајот за напредокот на Република Македонија за 2010” на Европската комисија, со тоа што оваа Агенција станува орган на државната управа, односно именувањето и разрешувањето на нејзиниот директор и заменикот ќе го прави Владата на Република Македонија, пред која и ќе одговараат за својата работа.

Во Предлог-законот за административни службеници недостасуваат јасни одредби за унапредувањето базирано на принципот на заслугите – merit, со кое се дава признание за заслугите и компетентноста,  а кои всушност се еден вид „вертикалната мобилност за развој на кариера”.

Дополнителните коментари зошто е неопходен консултативен процес пред овие реформски закони да бидат донесени од страна на Собранието на РМ  се во прилог.