Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Правна програма
пронајди

Правна програма и Програма за реформа на јавната администрација

МИОА го оневозможува консултативниот процес за два предлог-закони

Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) испрати реакција до Министерот за информатичко општество и администрација поради постапката на Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА), а со која го оневозможува консултативниот процес за Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор со тоа што овие два закони, во петокот на 6 декември, се дадени во собраниска процедура пред да заврши консултативниот процес во кој заинтересираните страни можат да достават мислења, забелешки и предлози.

Имено, на ден 21 номеври 2013 година на страната на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и на веб страната на МИОА беа поставени две известувања за почеток на процесот на подготовка на Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор. Подоцна, на 2 декември 2013 година на страната на ЕНЕР и на страната на МИОА беа поставени овие два Предлог-закони, како и Извештаите за проценка на влијанието на регулативата. 

Согласно Деловникот за работа на Владата на РМ, односно членот 71 став 4: „Секоја заинтересирана страна може во единствениот електронски регистар на прописи да достави мислење, забелешки и предлози во врска со објавените предлози за донесување закон, нацртите и предлозите на законите во рок од 10 дена од денот на објавувањето.“ Ова значи дека за Предлог-законот за административни службеници и Предлог-законот за вработени во јавниот сектор рокот за нас како заинтересирана страна, со долгогодишно искуство и поддршка на реформата на јавната администрација, односно рокот за доставување на мислења, забелешки и предлози е до 12 декември (четврток). 

Очекуваме од Министерот да го спроведете консултативниот процес во согласност со Деловникот за работа на Владата на РМ, Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики и Упатството за начинот на постапување во работата на Министерствата во процесот на спроведување на проценка на влијанието на регулативата. 

Клучни зборови

| право