Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ОДРЖАНА ШЕСТАТА СЕСИЈА ЗА ПРАВНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ТРЕТА ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

На 17 март 2017 година, во населбата Тризла во Прилеп, во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, се одржа сесија за правно описменување на граѓаните на која беа презентирани правата на парична помош од социјална заштита на граѓаните.

На сесијата присутни беа дваесетина граѓани, пред сè од социјално загрозени категории кои имаа можност да се запознаат со своите права, но и обврски од областа на социјална заштита.  
Многу од граѓаните ги познаваа своите права од социјална заштита, но малкумина знаеа дека имаат и обврски како што е пријавувањето на остварен дополнителен приход писмено до Центарот за социјална заштита, запазување на роковите за поднесување на тужба и сл.

Пред граѓаните беше презентирана и Доставницата, како многу важен документ кој граѓаните потребно е да го потпишат при доставата на Решението од страна на Центарот за социјална заштита. Беше нагласено дека граѓаните мора да внимаваат на датумот напишан на Доставницата, бидејќи од тогаш започнува да тече рокот за поднесување на жалба. 
„Убаво е вака да нè собирате и да ни презентирате, бидејќи од „социјалното“ не ни кажуваат за роковите и за нашите обврски спрема нив“- сподели по завршувањето на сесијата една од учесниците.

Сите учесници ги поздравија ваквите сесии на кои може да се запознаат со своите права, но и со законите и правилниците пренесени на многу поедноставен јазик, а со цел да ги дознаат своите обврски за непречено остварување на правата од социјална заштита.

Планирани се уште четири вакви сесии низ повеќе градови во Македонија, од кои две за заштита на работничките права и четири за информирање на граѓаните за социјална заштита.    
Проектот Пристап до правда во Македонија е поддржан од Европската Унија а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар - Куманово, Младинскиот културен центар - Битола, Едукативно - хуманитарната организација ЕХО - Штип и ИЗБОР - Струмица.


поврзани новости

нема поврзани новости