Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРОЕКТОТ ПРИСТАП ДО ПРАВДА ВО МАКЕДОНИЈА

Во вторник, 21 март 2017, со почеток од 11:30 часот, во ЕУ Инфо центарот ќе се одржи прес-конференција во рамки на проектот „Пристап до правда во Македонија“ финансиран од Европската Унија.  

На настанот до присутните ќе се обратат: 

  • Јаромир Левичек,  раководител на oдделот Економија и финансии, јакнење на институционалните капацитети и прекугранична соработка
  • Нада Наумовска, Постара координаторка на програма, ФООМ
  • Претставници на 5 овластени здруженија за давање на бесплатна правна помош (Благица Киров, Вера Гогу, Борис Гудев, Славица Анастасовска и Ивана Маринковска)
  • Христина Василевска, Координаторка на проект, ФООМ
Прес-конференцијата има за цел да ги запознае новинарите со моменталната состојба со правото на бесплатна правна помош и пристапот до правда на граѓаните на Македонија, да се запознаат со ЕУ и меѓународните стандарди во ова поле, но и да развијат квалитетни стории поврзани со (не)пристап до правда. 

По воведните излагања настанот ќе продолжи со презентација на клучните наоди и препораки од Истражувањето на јавната перцепција и запознаеноста на граѓаните со Законот за бесплатна правна помош, како и презентација на најчести случаи од праксата.

Понатаму, ќе бидат презентирани и утврдените недостатоци на Законот за бесплатна правна помош и препораките за негово подобрување во согласност со ЕУ и меѓународните стандарди и праксата од други држави.
Проектот „Пристап до правда во Македонија“ е финансиран од страна на Европската унија преку инструментот за демократија и човекови права (EIDHR). Овој проект претставува продолжение на напорите на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), како координатор и на петте партнерски здруженија овластени за давање на бесплатна правна помош, за доближување на ова право до граѓаните. 
Целта на проектот е: Да се придонесе кон подобрување на системот за заштита на човековите права во земјата преку оценување на задоволството од постојниот систем за бесплатна правна помош на граѓаните и утврдување на слабостите од неговото спроведување со цел застапување за негово подобрување.

Како специфични цели на проектот дефинирани се следните:
- Да се поддржат овластените здруженија кои  даваат претходна правна помош, со цел  подобрување на пристапот до правда; 
- Детална анализа на имплементацијата на Законот за бесплатна правна помош преку спроведување на независна оценка на системот за бесплатна правна помош и мерење на задоволството на граѓаните од системот за бесплатна правна помош и неговата достапност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 126.000 евра.

Ги покануваме новинарите, снимателите и фоторепортерите да го проследат настанот. 

Со почит,  
Фондација Отворено општество - Македонија



поврзани новости

нема поврзани новости