Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Унапредување на човековите права во здравството
пронајди

ПОТВРДЕНА ПОТРЕБАТА ОД ОСАМОСТОЈУВАЊЕ НА ЛИЦАТА СО ИНТЕЛЕКТУАЛНА ПОПРЕЧЕНОСТ

Од оддржаниот дводневен настан „Заедница за сите“ – проекции на документарни филмови и дебата

На 24 и 25 јануари 2017 година се одржа настанот „Заедница за сите“ во чии рамки беа проектирани документарни филмови проследени со дебата за процесот на деинституционализација на лицата со попреченост, во организација и по иницијатива на Здружението СОЛЕМ и Фондација Отворено општество - Македонија. Целта на настанот беше преку документарните филмови на хрватскиот автор Томислав Жаја да се покренат прашањата за правата и потребите на лицата со попреченост. И истовремено, да се отвори темата за начините на кои може да се подобрат состојбите и да ги собере експертите од различни области за преку дијалог, споделување на искуства и заедничка соработка да се направат значајни чекори напред кон процесот на деинституционализација.


На дебатата, говорниците дадоа свој придонес кон актуелизација на темите за активна асистенција преку лични асистенти, стручна обука за вклучување во работниот процес, иницирање и охрабрување за започнување на социјално претприемништво, како и креирањето на универзален архитектонски дизајн како првиот чекор кон вистинска инклузија на лицата со попреченост.

Маријана Јанковиќ, клучен експерт во проектот поддржан од ЕУ („Промоција на услуги за социјална инклузија“) и раководител на програмата за вработување и лична асистенција во Загреб, го објасни моделот на лична асистенција во процесот на вработувањето и значењето на поддршката која се фокусира на можностите на лицето со попреченост. Од аспект на експерт кој работи на ваков систем во Македонијa, таа го изложи и објасни концептот на личен асистент, како неопходна поддршка на лицата со попреченост во секојдневното жиевеење и како поддршка на нивните семејства. 

Наташа Димитровска, од Здружение СОЛЕМ, накратко го објасни процесот на деинституционализација и досегашниот прогрес во Македонија, истакнувајќи го повеќе самоодредувањето и самозастапувањето за лицата со интелектуална попреченост, како уште еден од исклучително важните аспекти за исчекор кон целосна инклузија на лицата со попреченост. Во дебатата се вклучија и дадоа свој придонес и претставници од заедницата, РЦПЛИП ПОРАКА НАША од Куманово и РЦПЛИП ПОРАКА од Скопје, како и претставникот од Народниот правобранител и Шведската амбасада, и претставниците од „Отворете ги прозорците“, Снежана Матовска заедно со Александар Матовски – Цако.

За значајноста на проектирањето и градењето на живеалишта и институции по моделот на универзален дизајн, свое гледиште изнесе Мартин Пановски, Претседателот на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Укажувајќи на функционални проекти и градби кои веќе и постојат во Македонија, дополнително ја потенцираше потребата и можноста за адаптација на веќе постоечките градби, со цел нивна целосна пристапност. 

Искра Росо од Здружението СОЛЕМ, низ примери се надоврза и укажа на проблемите со пристапноста кај нас, како и фактот колку едноставно пристапноста може да се подобри преку универзалниот модел. Свој придонес во дискусијата дадоа и гостите-претставници на институциите: претставниците од МАТА, Заводот за рехабилитација на деца и младинци Топаанско Поле, Институтот за социјална работа и политика при Филозофскиот факултет од Скопје и претставникот на МАКЕДОНИЈА 2025. 

Настанот беше заокружен со промоција на специјалното претприемништво, каде преку свои штандови се претставија организациите АРНО, ЛИЦЕ В ЛИЦЕ, ПОРАКА НАША КУМАНОВО И СОЛЕМ. 

Овој настан, уште еднаш ја истакна потребата од заедничка работа на заедниците, организациите и институциите во подобрувањето на состојбата и зајакнување на лицата со попреченост преку процесот на деинституционализација со цел нивна потполна инклузија во македонското општество.

поврзани новости

нема поврзани новости