Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ОДРЖАНА ВТОРА СЕСИЈА ЗА ПРАВНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

На 16 декември 2016 година (петок), во Здружението Амбрела во Шуто Оризари, со почеток во 15 часот, се одржa сесија за правно описменување за граѓаните од Скопје во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија. Сесијата за правно описменување беше посветена на социјална заштита на граѓаните.


На сесијата присуствуваа 25 граѓани, корисници на права од социјална заштита, кои имаа можност да се запознаат со своите права, но и обврските кои согласно законот е потребно да ги исполнат.  
Речиси сите граѓани беа запознаени со своите права, ги познаваа условите кои треба да ги исполнат за да го остварат правото на социјална заштита, но речиси никој не знаеше од кога започнуваат да течат роковите и каде да се обратат ако се незадоволни од добиеното Решение.

На сесијата беше презентиран и пример на Доставницата, како многу важен документ кој граѓаните потребно е да го потпишат при доставата на Решението од страна на Центарот за социјална заштита. На граѓаните им беше објаснето дека рокот за поднесување на жалба почнува да тече од денот кога го примиле Решението, а не откако истото било доставено до Центарот за социјални работи. 
Нагласено беше и тоа дека  вработените во Центрите за социјални работи се должни правно да ги советуваат граѓаните и да им помогнат, како и да им дозволат усно во записник да ја изјават жалбата против Решение.
Сите учесници ги поздравија ваквите сесии на кои може да се запознаат со своите права, но и со законите и правилниците пренесени на многу поедноставен јазик, а со цел да ги дознаат своите обврски за непречено остварување на правата од социјална заштита.

Проектот Пристап до правда во Македонија е поддржан од Европската унија а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар - Куманово, Младинскиот културен центар - Битола, Едукативно - хуманитарната организација ЕХО - Штип и ИЗБОР - Струмица.

Клучни зборови

| право