Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Заедничка рамка за правно зајакнување
пронајди

ОДРЖАНА ТРЕТАТА СРЕДБА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ – ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПРАВНИ УСЛУГИ БАЗИРАНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

На 21 декември 2016 година (среда), со почеток во 11 часот, во хотел Парк во Скопје, се одржа третата средба за правно зајакнување – градење национални системи за правни услуги базирани во заедницата, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување. На средбата учествуваа граѓански организации, обезбедувачи на правна и параправна помош, како и претставници на релевантни државни институции.

На средбата Марија Башевска и Васка Лешоска од РЕАКТОР – Истражување во акција (Реактор) ги презентираа финалните наоди од анализата „Истражување на јавната перцепција и запознаеноста на граѓаните за Законот за бесплатна правна помош во Република Македонија“ што ja спроведе Реактор. Потоа Јасминка Фришчиќ и Стојан Мишев од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во Република Македонија – ЕСЕ (ЕСЕ) ги презентираа првичните наоди од тековното истражување „Анализа на трошоци и придобивки од обезбедување на различните бесплатни видови на правна помош (вклучително и параправна помош) на заедницата“, и на крајот, Ивица Цековски и Вања Димитриевски од ХОПС – Опции за здрав живот (ХОПС) ги презентираа првичните наоди од истражување кое го спроведува ХОПС на тема „Правно зајакнување и пристап до правда за луѓето кои употребуваат дроги и сексуални работници/-чки“.

Иницијативата за правно зајакнување на Фондациите Отворено општество има за цел институционализација на респонзивни, отчетни, кредибилни и финансиски сигурни системи што нудат правни услуги базирани во заедницата на национално ниво и/или на ниво на конкретни групи на население. Работејќи првенствено со модели за правни услуги базирани во заедницата кои комбинираат правници и не-правници за решавање на индивидуалните и проблемите на заедницата, заложбите во државите во кои се спроведува, вклучително и Македонија, ќе користат комбинација од алатки. Преку широкиот опсег на активности, од правна писменост и помош, до медијација, организирање на заедницата, водење судски постапки и други форми на застапување, главниот фокус ќе биде на зајакнување на давањето услуги, паралелно со унапредување на системските реформи во интерес на сиромашните граѓани. Иницијативата за правно зајакнување ќе работи на обезбедување широка достапност на таквите услуги на национално ниво и нивно функционирање на финансиски одржлив начин. Во рамки на иницијативата, ќе се работи со владите, граѓанското општество и партнерите-донатори за да се идентификуваат и унапредат решенијата за јавни политики кои обезбедуваат широк опфат, независност и одржливост.


Клучни зборови

| право