Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Граѓанско учество за локална демократија
пронајди

ОДРЖАНИ РАБОТИЛНИЦИ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОЛИТИКИТЕ ОД ОБЛАСТА НА КУЛТУРАТА ПРЕКУ ДОДЕЛУВАЊЕ ГРАНТОВИ И ПОДОБРУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА СО ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ

Во рамки на проектот Граѓанско учество за локална демократија се одржaa еднодневни работилници во трите партнерски општини, и тоа во Струга на 6 декември 2016, во Струмица на 7 декември 2016 и во Центар на 9 декември 2016.

Работилниците беа предводени од експерт за грантови и проектниот тим. На истите присуствуваа претставници од општинската администрација и Центрите на заедницата од трите општини.

Целта на работилниците е јакнење на капацитетите на локалната самоуправа за спроведување на политиките од областа на културата преку доделување грантови и подобрување на соработката со граѓанските организации.
На работилниците беше дискутирано за развојот на критериуми за грант шеми, поточно разгледување на содржината и условите на Повикот за грантови кој треба да биде објавен во текот на месец декември 2016 година во рамки на проектот, како и за потребните формулари/прилози кон повикот и за транспарентноста и видливоста на процесот на објавување грантови.

Исто така, беше искористена можноста да се разговара за процедурите кои секоја од општините ги има развиено во насока на доделување грантови. Секоја од општините има одредени специфики на тој план, но беше заземен став дека во иднина постои можност да бидат користени и формуларите кои беа понудени во рамките на проектот, пред сè кога се работи за објавување повици за грантови во сферата на културата. 



Клучни зборови

| обука