Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ОДРЖАНА ЧЕТВРТА СЕСИЈА ЗА ПРАВНО ОПИСМЕНУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ, ПРВА ОД ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА

На 9 декември 2016 година, во просториите на Националниот ромски центар во Куманово, во рамки на проектот Пристап до правда во Македонија, се одржа сесија за правно описменување на граѓаните на која беа презентирани правата на парична помош од социјална заштита на граѓаните.

На сесијата присутни беа шеснаесет граѓани, пред сè од социјално загрозени категории кои имаа можност да се запознаат со своите права, но и обврски од областа на социјална заштита.  
Многу од граѓаните ги познаваа своите права од социјална заштита, но малкумина знаеа дека имаат и обврски како што е пријавувањето на остварен дополнителен приход писмено до Центарот за социјална заштита, запазување на роковите за поднесување на тужба и сл.

На сесијата понатаму се разговараше за Доставницата, како многу важен документ кој граѓаните потребно е да го потпишат при доставата на Решението од страна на Центарот за социјална заштита. Голем интерес учесниците пројавија и за брзиот трансфер на пари, со оглед на тоа што во изминатиот период беа донесени па укинати неколку правилници, на граѓаните не им беше јасно дали и на кој начин брзиот трансфер на пари влијае врз нивното право на социјална заштита.

Сите учесници ги поздравија ваквите сесии на кои може да се запознаат со своите права, но и со законите и правилниците пренесени на многу поедноставен јазик, а со цел да ги дознаат своите обврски за непречено остварување на правата од социјална заштита.

Планирани се уште шест вакви сесии низ повеќе градови во Македонија, од кои две за заштита на работничките права и четири за информирање на граѓаните за социјална заштита.    
Проектот Пристап до правда во Македонија е поддржан од Европската унија а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар - Куманово, Младинскиот културен центар - Битола, Едукативно - хуманитарната организација ЕХО - Штип и ИЗБОР - Струмица.

Клучни зборови

| право | обука