Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Ние одлучуваме
пронајди

ГРАЃАНИТЕ НЕМААТ ДОВЕРБА ВО ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ ТРЕБА ДА ОБЕЗБЕДАТ УСЛОВИ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ

Од прес-конференцијата за презентација на евидентираните изборни нерегуларности

На 6 декември 2016 година (вторник), со почеток во 12 часот, во ГЕМ клубот во Скопје, се одржа прес-конференција на која правниот тим што работи на бесплатната СОС линија 0800 88 888 за пријава на изборни нерегуларности во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“, ја информираше јавноста во врска со евидентираните случаи поврзани со изборните нерегуларности и притисоците. На прес-конференцијата се обратија правниците Маја Величкова и Кастриот Мемети од СОС тимот за пружање правна помош во рамки на граѓанската акција „Ние одлучуваме!“. Во продолжение е соопштението во врска со евидентираните нерегуларности досега.

Денешната прес-конференција имаше за цел информирање на јавноста и презентирање на изборните нерегуларности кои ги регистрираше правниот тим при досегашната работа на бесплатната СОС линија 0800 88 888. На бесплатната линија граѓаните можат да добијат правна помош во случај на повреда на нивното избирачко право и на самиот ден на изборите.

Досега се регистрирани 30 пријави од граѓаните поврзани со изборни нерегуларности и притисоци.

Мнозинството од пријавите се однесуваат на пријави од граѓаните за постоење фантомски гласачи во Избирачкиот список, односно непостоечки лица запишани во Избирачкиот список. По укажаната правна помош на граѓаните од наша страна, забележавме неспремност на надлежните институции за брзо евидентирање и отстранување на овие т.н. фантомски гласачи. Граѓаните кои имаа волја да помогнат во отстранувањето на фантомските гласачи од Избирачкиот список, што е неопходно за да придонесе во одржување на кредибилни парламентарни избори, беа  изложени на постапка  спротивна на одредбите од Изборниот законик. Моментално, Избирачкиот список е затворен. За пет дена ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Нашиот заклучок е дека Избирачкиот список останува непрочистен од непостоечки гласачи, т.н. фантомски гласачи.

По затворањето на избирачкиот список повторно имавме јавувања од граѓани да евидентираме дека по случаите со фантомските гласачи кои биле пријавувани во ДИК, од страна на Државната изборна комисија не е постапено. 
Во последните 24 часа имаме пријави дека граѓани кои биле на Избирачкиот список, а тоа го провериле по завршувањето на Јавниот увид, сега при повторна проверка не се пронашле на Избирачкиот список објавен на интернет. 

Апелираме до надлежните институции да поднесат кривични пријави против Државната изборна комисија за злоупотреба на службена положба и овластување согласно чл. 353 од Кривичниот законик и чл. 159 ст. 2 од Кривичниот законик за повреда на гласачкото право. Основата на кривичната одговорност на ДИК е што таа со своето несовесно работење и непостапување по барањата на граѓаните за бришење на непостоечките гласачи од Избирачкиот список, ќе придонесе во евентуалното остварување на гласачкото право на лица кои го немаат тоа право. 

Исто така, нашиот тим евидентираше пријави од вработени во државните органи кои пријавија големи притисоци до државната администрација и вработените во јавните институции од страна на политичките партии за присуство на митинзи. Од овие повици, она што можевме да го увидиме е дека постои голем страв од страна на јавувачите да се претставуваат со име и презиме поради веројатноста дека истото ќе го дознаат партиите, постои страв за понатамошно постапување од страна на јавувачите кои пријавуваат притисоци, односно не сакаат да покренуваат постапки против нивните претпоставени поради страв дека ќе следуваат реперкусии. Лица кои пријавуваат вакви притисоци најчесто се оние кои се со вработени со договор на определено време и не сакаат да покренуваат постапки поради страв дека договорот нема да им биде продолжен или дека нивни блиски членови со таков договор ќе бидат избркани од работа.

Како се приближуваме до денот на одржувањето на предвремените избори, така започнаа јавувања од граѓаните со кои укажуваат на поткупување на гласачите. Јавувачите тврдат дека одредени групи се таргетирани од страна на политичките партии и им нудат пари за да гласаат за нивната партија. Поради страв дека ќе ги дознаат кои се и ќе трпат штетни последици за себе или своите блиски овие граѓани сакаа да останат анонимни и не сакаат да пријават во полиција.

Од она што може да се заклучи во досегашната работа на тимот на бесплатната СОС линија е дека граѓаните немаат доверба во институциите кои треба да обезбедат услови за фер и демократски избори. Дури и кога решаваат да поведат постапка пред релевантните институции, граѓаните се препраќаат од една институција до друга и по нивните барања воопшто не се постапува. Граѓаните во голема мера се исплашени и наместо институциите даги заштитат нивните права, ги оставаат граѓаните да трпат притисоци и закани од политичките партии.

Ние како правен тим на СОС линијата сме отворени да им пружиме помош на граѓаните за заштита на нивните права во текот на овој изборен процес и ги охрабруваме да продолжат да се јавуваат и да ги пријавуваат изборните нерегуларности и притисоци. Потенцираме дека на денот на изборите ќе обезбедуваме правна помош од 7 часот наутро па се до 20 часот вечерта, по затворањето на избирачките места.

поврзани новости

нема поврзани новости