Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за ургентните реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Пристап до правда во Македонија
пронајди

ЗАПОЗНАВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ СО НИВНИТЕ РАБОТНИЧКИ ПРАВА

Соопштение на проектот Пристап до правда во Македонија

Во рамките на проектот Пристап до правда во Македонија, во изминатите два месеца во Штип, Струмица и Битола беа спроведени три сесии за правно описменување на граѓаните на тема работни односи.

Сесиите се водени од тим на правници кои на мошне разбирлив јазик, избегнувајќи правна терминологија, граѓаните ги запознаваат со правата од работен однос, а особено внимание се посветува на правото на годишен одмор и условите за отказ. Целта на ваквите сесии е едукација на граѓаните за идентификување и решавање на правните проблеми со кои се соочуваат во секојдневниот живот.    

„Не бев запознаена со овие мои права како работник, вакви сесии им се потребни на работниците и доколку е можно  би сакале да ги има почесто” - изјави една од учесничките по завршувањето на сесијата.

Планирани се уште две сесии за работни односи во Скопје и Куманово. Заради поголема транспарентност и достапност до граѓаните, сесиите се снимаат и видеата ќе бидат достапни на веб-страницата www.pristapdopravda.mk на почетокот на 2017 година. Воедно, водејќи се од правните потреби на граѓаните и правните проблеми за кои најчесто побарале бесплатна правна помош, во рамки на проектот беше подготвен и прирачник за работничките права достапен на македонски, албански и ромски јазик.

Здруженијата кои го спроведуваат проектот Пристап до правда во Македонија продолжуваат да се залагаат за еднаков пристап до правда на сите граѓани, преку советување и информирање во рамките на Законот.

Проектот е финансиран од Европската унија, а се спроведува од страна на Фондацијата Отворено општество - Македонија во партнерство со Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Националниот ромски центар Куманово, ЕХО Едукативно - хуманитарна организација Штип, Младинскиот културен центар Битола и Избор Струмица.

поврзани новости

нема поврзани новости