Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Зајакнување и мобилизација на граѓаните
пронајди

ПОВИК ЗА ИТНИ ДЕМОКРАТСКИ РЕФОРМИ ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ КОИ УЧЕСТВУВААТ НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИЗБОРИ

Ние учесниците во иницијативата за итни демократски реформи ги повикуваме партиите кои учествуваат на парламентарните избори да ги вратат демократските стандарди и вредности во Република Македонија.   

Бараме политичките партии безусловно да се посветат на следните приоритети: 

ЈАВНИ ФИНАНСИИ И  ЕКОНОМИЈА

Поради нарушена фискална дисциплина, бараме враќање на фискалната транспарентност и отчетност заради поефикасно, поекономични и поефективно користење на јавните ресурси. 

ПРАВОСУДСТВО
Со цел да се обезбеди независното функционирање на судството и да се врати довербата на граѓаните, бараме да се обезбедат сите законски и институционални услови за непреченост во работата на Специјалното Јавно обвинителство и продолжување на неговиот мандат. Во таа насока, бараме да се формира специјално судско одделение но и посебно одделение во рамките на УБК што би постапувало по барањата на СЈО.  

БОРБА ПОРТИВ КОРУПЦИЈА
Поради констатираното политичко/партиско влијание во работата на надлежните институции за борба против корупција неопходно е пратениците да побараат оставки од членовите на ДКСК, ЈО на РМ, Судскиот совет и Советот на ЈО, како морална одговорност за масовната корупција во нивните сектори. Добербата мора да се врати, но и да се обезбеди транспарентност при изборот на членовите во овие тела.

МЕДИУМИ
Поради постојани политички и економски притисоци, медиумите и новинарството веќе не му служат на јавниот интерес и на граѓаните. Бараме власта да престане да ги користи медиумите како алатка за политичко промовирање и да прекинат сите закани и притисоци врз новинари. Од сите политички партии бараме да се заложат за системски реформи во медиумската област

ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА
Да се оневозможи политичко мешање во вработувањето и напредувањето на вработените во јавната администрација, за да се спречи политичкиот клиентелизам и да се одвои државата од партијата.

ОБРАЗОВАНИЕ
Процесите на креирање и спроведување на идните образовни реформи мора да бидат транспарентни и инклузивни. Новите законски измени треба да се ослободат од казнените одредби и  да се фокусираат на подобрување на квалитетот, на реформа на инцијалното образование и дообуката на  наставниците, на запирање на натамошната експанзија на високото образование како и на демократизација и унапредување на моделите на средношколското и студентското организирање.


Поддржано од:
- Институт за демократија „Социетас Цивилис“ Скопје
- Институт за европска политика  
- Институт за комуникациски студии 
- Македонски центар за европско образование 
- Фондација отворено општество - Македонија 
- Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија 
- Центар за економски анализи  
 

Предлог за итни демократски реформи
Овој документ претставува заеднички потфат на група граѓански организации и е резултат на синергија и соработка помеѓу нив, научни работници и експерти. (Прилог 1 во документот). Ваквиот заеднички потфат е одговор на актуелната политичка криза, назадувањето на демократските стандарди и во владеењето на правото и губењето на кредибилитетот на институциите

Целта на документот е да даде поттик, насоки и детални активности кои се неопходни за враќање на демократските стандарди и вредности, за постигнување напредок во одредени области од јавните политики, како и за враќање на довербата на граѓаните во клучните државни институции. Областите на јавни политики се: јавни финансии и економија; правосудство; борба против корупцијата; избори и изборен систем; медиуми; јавна администрација; контрола врз полицијата и агенциите за безбедност и (контра)разузнавање; Собрание; граѓанско општество; социјална заштита, благосостојба и одржливост; образовани и младински политики и животна средина.

Преземете го документот на македонски јазик
- Преземете го документот на албански јазик


Клучни зборови

| повик