Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

ОДРЖАНА ПРВАТА СЕСИЈА НА БУЏЕТСКИОТ ФОРУМ НА ОПШТИНА СТРУГА

На ден 16 ноември 2016 година (среда), со почеток во 13 часот, во просториите на хотел Мираж во Струга, се одржа првата сесија на буџетскиот форум на општина Струга.

На овој форум од страна на Гзим Елмази од секторот за буџет и финансии при општина Струга беше детално образложено извршувањето на буџетот од 2016 година. Потоа пред граѓаните беа презентирани предлог програмите за 2017 година. Владислав Жупан од одделението за локален економски развој ги презентираше реализираните проекти од 2016 година, проектите кои се во тек а треба да се финализираат во 2017 година, и неколку предлог проекти за наредната 2017 година.

Потоа од страна на Џеми Хајредини од секторот за јавни дејности, беа презентирани четирите програми кои се изготвуваат во овој сектор, програмата за образование, социјална заштита, култура, спорт и млади.

Во текот на овој форум граѓаните имаа можност да поставуваат прашања до надлежните во врска со програмите и за процентот на извршување на општиот и основниот буџет од страна на општината.

Во последниот дел од сесијата граѓаните предложија по два проекти кои според нив треба да се предвидат во програмите за 2017 година. Дадените предлози подетално ќе се дискутираат во втората сесија на буџетскиот форум која е планирана да се одржи во текот на месец декември 2016 година.

Целите на форумот се зголемување на учеството на граѓаните во процесот на носење на буџетот на општината и подобрување на транспарентноста на општината.

Граѓанските форуми во општина Струга ги имплементира Фондацијата за развој на локалната заедница Штип со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено општество Македонија, во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните.

Клучни зборови

| општини