Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Проект на УСАИД за граѓанско општество
пронајди

ОДРЖАНА ДЕБАТА „ИТНИ РЕФОРМСКИ ПРОМАШУВАЊА“






На 11 ноември 2016 година (петок), во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 11 часот, се одржa дебатата „Итни реформски промашувања“. Дебатата ја организираа Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) по повод објавувањето на редовниот есенски Извештај на Европската комисија (ЕК) за Македонија (порано Извештај за напредокот на ЕК).

На дебатата беше претставена Компаративната анализа за наодите наведени во Извештаите на ЕК за Македонија за последните четири години (во периодот 2013-2016 година) и наодите од анкетното истражување Еврометар во врска со кредибилноста на Извештаите на ЕК и ставовите на граѓаните на Македонија кон ЕУ.

Говорници на дебата беа Фани Каранфилова-Пановска, извршна директорка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, Бојан Маричиќ, извршен директор на Македонскиот центар за европско образование, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, Андреја Стојковски, претседател на Македонскиот центар за европско образование  и Љупчо Петковски, координатор за истражување во Македонскиот центар за европско образование

Заклучок кој произлезе од  говорниците на дебатата, а воедно произлегува од Извештајот на Европската комисија е дека Владата по 11 декември, без разлика кој ќе ја предводи, мора да ги имплементира итните реформски приоритети на кои се укажува и во Извештајот на Европската комисија. 

Извршната дирекорка на ФООМ, Фани Каранфилова-Пановска, смета дека новата власт треба да има многу ум, сериозна дисциплина и огромна одговорност и посветеност во делот на итните реформски приоритети и на сите забелешки во извештајот, како и за економските реформи. Извештајот нотира недостатоци во однос на управувањето со јавните финансии, структурни проблеми во однос на пазарот на трудот и несоодветна образовна политика, истакна Каранфилова-Пановска. 

Според Бојан Маричиќ од МЦЕО оваа година во извештајот јасно е нагласен недостатокот на политичка волја, како еден битен елемент на проблемите на системот во Македонија. „Тоа не е случајно, укажувањето на тоа дека нема политичка волја вперува прст директно на најодговорните лица, особено на тие кои ја водат владата, што досега беше проблем за ЕК да го направи, иако тој недостаток постоеше и минатите години. Јасна е пораката дека моменталната влада нема реформски курс и дека Македонија е тргната во погрешен правец. Во таа смисла се и условите за фер и демократски избори и укажувањата дека имаме заробена држава, сериозни системски проблеми и пораката дека не може да се избега од итните реформи. Притисокот ќе остане врз секоја друга влада, јасно е кажано дека во овој момент го нема реформскиот капацитет“, рече Маричиќ.

Во Извештајот на неколку наврати се споменува „заробена држава“ и „заробени институции“, квалификација што граѓанскиот сектор повеќе години ја изразува како свое наоѓање кога станува збор за принципот на поделба на власта кој што години наназад во Македонија не се чувствува бидејќи имаме предоминантна извршна власт која што директно влијае на постапувањето и на Собранието и на правосудството, истакна Пировска.

Aндреја Стојковски констатираше дека во за секое поглавје извештајот констатира дека нема никаков напредок во однос на минатата година. Два клучни моменти во овој Извештај кои се однесуваат на поддршката на Специјалното јавно обвинителство се барањето на одговорност и владеење на правото.
 
Наодите од анкетното истражување Еврометар, кое беше презентирано на дебатата од страна на Љупчо Петковски, покажуваат дека:

  • Речиси 60 отсто од испитаниците во анкетата „Еврометар 2016“ се согласуваат дека членството на Македонија во ЕУ би било добра работа. 
  • Длабока поделеност меѓу граѓаните постои по прашањето дали ЕУ е најдобра алтернатива или Македонија треба да бара сопствен модел на развој. Дека ЕУ е најдобра алтернатива сметаат 39,4 отсто, додека 47,4 отсто дека треба да се бара друг модел на развој
  • Најголем број од испитаниците, 36 отсто, како негативна ја оцениле улогата на ЕУ во решавањето на политичката криза, додека пак 25 отсто сметале дека е позитивна.
Дебатата ја проследија над 80 учесници, а заклучоците беа пренесени во десетици печатени и електронски медиуми, како и на голем број информативни портали. 

Клучни зборови

| еу