Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Јавно здравство
пронајди

Обука за застапување и влијание врз политики

Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ), Програма за јавно здравство, во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), поддржани од Иницијативата за медиуми и здравство – Њујорк, организираше тридневна обука за застапување и влијание врз политики. Настанот се одржа во периодот 25-27 октомври 2013, Скопје.

Овој настан е прв од серијата обуки кои ќе следат и се дел од едногодишната програма за Комуникациска стратегија и акционен план, подготвена од страна на МОФ, обезбедувајќи ја и техничката поддршка за оваа намена. Аргументација и дебата, комуникации и односи со јавност (ПР), интернет активизам и друштвени мрежи и аудио и видео активизам, се областите во чии рамки ќе биде насочена реализацијата и имплементацијата на активностите од едногодишната програма.

Главна цел на овој процес е обезбедување на континуирана техничка поддршка за градење на капацитетите на ромските организации, корисници на грантови за проекти поврзани со здравјето на Ромите (КХАМ, Делчево; ЦДРИМ, Скопје; ЛИЛ, Скопје и РОМА СОС, Прилеп) во полето на комуникацијата, застапувањето и користењето на медиумските алатки.

По имплементираната програма, се очекува ромските организации да располагаат со развиена и интегрирана медиумска стратегија и акционен план, вешто искористени во процесот на застапување како и во процесите на мониторинг во заедницата, правно зајакнување на истата, функционални на национално и локално ниво.

Учесниците на обуката беа запознаени со начините на идентификација и дефинирање на клучните проблеми, визијата и мисијата за нивно решавање. Обуката овозможи прецизирање на стратешки цели при застапување на секоја организација, мапирање и анализа на засегантите страни , заедно со фазите при процесот на застапување, можностите и предизвиците при градење коалиции или мрежи.