Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

ПРОЕКТ НА УСАИД ЗА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО

Втор циклус обуки за надгледување и застапување

usaidfosm


Во организација на ФООМ, а во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество, во периодот септември - ноември 2013, се одржува вториот циклус обуки за градење капацитети на граѓанските организации за надгледување на властите и застапување.

Претставниците на граѓанските здруженија, преку серијата 10 обуки, ќе се стекнат со знаења и вештини од областите:

  • Пишување документи за ефективни политики (26 -27 и 28 - 29 септември)
    Преку дводневна обука за пишување документи за ефективни политики учесниците се здобиваат со знаење и ресурси за развивање вештини за пишување вакви документи, како алатки за влијание врз донесувањето одлуки. Низ заедничка работа на учесниците, обуката воедно има цел да создаде мрежи на истражувачи на политики и аналитичари. 
  • Застапување (03 -04 и 05-06 октомври)
    Дводневната работилница за застапување ќе ги подобри капацитетите на учесниците за дизајнирање целно насочена и релевантна кампања за застапување на политики. Работилницата е фокусирана на планирање и спроведување кампањи за ефективно застапување преку ефективното пренесување на стратешки убедувачки пораки за одредени политики.
  • Процес на пристапување во ЕУ (18-20 и 25-27 октомври)
    Тридневната обука за процесот на пристапување во ЕУ е фокусираната на структурата на институциите на ЕУ, начинот на функционирање и донесување одлуки, политиката за проширување на ЕУ, Европа 2020 – паметен, одржлив, инклузивен развој, односите ЕУ – Македонија, вклучувајќи ги преговорите за пристапување, финансиската перспектива 2014-2020 и финансиските инструменти за земјите за проширување (ИПА, Програми на Унијата, ЕИДХР), идентификување методологија за истражување и надгледување, мапирање на институциите (национални и ЕУ) и стратешките документи. Здобиеното знаење ќе им помогне на учесниците подобро да ги разберат процесите низ кои поминува земјата, додека вештините ќе им овозможат да ги истражуваат документите за политиките кои се релевантни за нивното поле од интерес, како и да собираат податоци за одредени области на политиките.
  • Мониторинг на трошењето јавни пари (18 -20 и 25-27 октомври)
    Тридневната обука ќе ги зголеми капацитетите на граѓанските организации да вршат мониторинг на трошењето јавни пари од страна на централните и локалните државни институции. Обуката ќе ги покрива темите: Јавни набавки, принципи, нивоа, типови на процедури за јавни набавки, користење на електронскиот јавен систем за набавки; и Транспарентност и одговорност во трошењето јавни пари од страна на локалната и централната власт, препознавање на ризиците од корупција во јавните набавки, принципи на добро владеење. 
  • Мониторинг на процесот на спроведување на децентрализацијата (04 -06 октомври и 01-03 ноември)
    Тридневната обука за мониторинг на процесот на спроведување на децентрализацијата ќе им овозможи на учесниците да се здобијат со знаење за процесот на децентрализација и за поделбата на надлежностите на локалната и централната власт, како и да ги подобрат капацитетите и експертизата на граѓанските организации за мониторинг на спроведувањето на децентрализацијата.
Распоредот на одржување и програмите на обуките ќе ги најдете во Календарот на активности на ФООМ.

Клучни зборови

| граѓанско општество