Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Граѓанско општество
пронајди

18-ТИ ИЗВЕШТАЈ ОД СЛЕДЕЊЕТО НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

Граѓанскиот сектор да се вклучи во активните мерки за вработувања

Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ), на 3-ти септември го презентираше 18-тиот квартален извештај од следењето на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Извештајот „Вин-Вин политика“ го опфаќа начинот на распределба на средства од ИПА програмата во поглед на финансирањето на граѓанските организации, и дава препораки за активно вклучување на граѓанскиот сектор во мерките за вработување.

Љупчо Петковски од МЦЕО истакна дека граѓанскиот сектор има голем потенцијал за вработување. Како пример, Петковски ги зеде 14-те проекти на граѓански организации финансирани од ИПА програмата во 2008 година, со вкупен фонд од 0,7 милиони евра. Преку овие 14 проекти околу 30 лица добиле вработување со платени придонеси за една година, а околу 1000 лица добиле дополнување на приходите во просечна вредност од 100 евра. Оттука, со новата финансиска рамка 2014 - 2020 година и со новата ИПА 2 програма, во Македонија можат да се вработат минимум 7 700 лица на годишно ниво, а околу 250 000 лица ќе можат да ги надополнат своите приходи без да има потреба од обезбедување дополнителни буџетски средства. Единствено што треба да се направи е да се реорганизираат веќе постоечките средства и да се отворат активните мерки за вработување во граѓанскиот сектор.

Бојан Маричиќ од МЦЕО ги претстави препораките за активно учество на граѓанскиот сектор во намалувањето на невработеноста. Според препораките во Извештајот, се бара 15 отсто од средствата од ИПА 2 да се програмираат за развој на граѓанското општество. Оваа препорака е во согласност со предлог - резолуцијата на Европскиот парламент за целосно вклучување на граѓанските организации во програмирањето на следната ИПА програма, од која ќе им бидат доделени најмалку 15 отсто од средствата. Во бројки, тоа би значело 90 милиони евра за 7 години, односно околу 12 милиони евра на годишна основа. Следната препорака е Владата, по принципот на паритетни фондови, да учествува со ист износ на средства од централниот буџет во финансирањето на граѓанскиот сектор. Од овие два вида финансирање би требало да се воспостави „Фонд за развој на демократијата“. Истражувањето покажува дека таквото финансирање не би претставувало дополнително оптоварување на Буџетот, бидејќи веќе се издвојуваат минимум 6,7 милиони евра за финансирање на граѓанските организации. Третата препорака во Извештајот се однесува на кофинансирањето, односно централната и локалната власт да обезбедат кофинансирање на сите прекугранични соработки, во висина од 15 отсто.

Според очекувањата од препораките, предлогот на МЦЕО е вин-вин ситуација за неколку страни, бидејќи драматично ќе се зголеми бројот на вработени; ќе се зголеми нивото на апсорпција на ИПА фондовите; ќе се исполнат сите четири предлози од Резолуцијата на Европскиот парламент и ќе се создаде средина со сигурни извори на финансирање на граѓанскиот сектор која ќе доведе до развиено граѓанско општество.