Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Мобилизација на локални организации и активизам во заедницата | 2017

Граѓанска акција за итни реформски приоритети | 2017

Инклузивни и транспарентни образовни политики | 2017

Проект на УСАИД за граѓанско учество | 2017

Граѓанска алијанса за транспарентност | 2017

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Младински активизам | 2017

Здравствени политики базирани на човековите права | 2017

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

Заедничка рамка за правно зајакнување
пронајди

ВТОРА СРЕДБА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ – ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ СИСТЕМИ ЗА ПРАВНИ УСЛУГИ БАЗИРАНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА

На 3 и 4 ноември 2016 година, во Велес, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија, а во рамки на Заедничката рамка за правно зајакнување, се спроведе втората средба за правно зајакнување – градење национални системи за правни услуги базирани во заедницата.

Во присуствуво на претставници од 17 граѓански оганизации и од релевантни државни институции, првиот ден од средбата беше искористен за споделување на наученото од курсот за правно зајакнување одржан од 10 до 14 октомври 2016 година во Будимпешта. Научените лекции од курсот беа пренесени на претставници од здруженија кои работат на обезбедување на правна, параправна и бесплатна правна помош, но и на претставниците од институциите. Фокусот беше ставен на искуствата на други држави и како да се применат во Македонија. 

Средбата продолжи во насока на директна примена на она што беше презентирано на првиот ден, односно преку вежба и работа во мали групи учесниците ги планираа идните активности во рамките на четири постоечки цели, и тоа: 1.) Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа за правно зајакнување; 2.) Застапување за иницијативи кои водат кон правно зајакнување на граѓаните; 3.) Идентификување и тренинг на нови параправници кои работат со други маргинализирани групи,различни од роми (ЛГБТ лица, лица со попречености, вработени во текстилни фабрики, итн.); и 4.) Идентификување на дополнителни извори на финансирање. Оваа вежба послужи за здруженијата да ги испланираат своите идни активности, но и да се подготват за стратешкото планирање кое ќе следи во јануари.

Иницијативата за правно зајакнување на Фондациите Отворено општество има за цел институционализација на респонзивни, отчетни, кредибилни и финансиски сигурни системи што нудат правни услуги базирани во заедницата на национално ниво и/или на ниво на конкретни групи на население. Работејќи првенствено со модели за правни услуги базирани во заедницата кои комбинираат правници и не-правници за решавање на индивидуалните и проблемите на заедницата, заложбите во државите во кои се спроведува, вклучително и Македонија, ќе користат комбинација од алатки. Преку широкиот опсег на активности, од правна писменост и помош, до медијација, организирање на заедницата, водење судски постапки и други форми на застапување, главниот фокус ќе биде на зајакнување на давањето услуги, паралелно со унапредување на системските реформи во интерес на сиромашните граѓани. Иницијативата за правно зајакнување ќе работи на обезбедување широка достапност на таквите услуги на национално ниво и нивно функционирање на финансиски одржлив начин. Во рамки на иницијативата, ќе се работи со владите, граѓанското општество и партнерите-донатори за да се идентификуваат и унапредат решенијата за јавни политики кои обезбедуваат широк опфат, независност и одржливост.

Клучни зборови

| право