Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

Општина по мерка на граѓаните
пронајди

ОДРЖАН ГРАЃАНСКИ ФОРУМ ВО ОПШТИНА ЦЕНТАР





На 18 октомври 2016 година, во х. Холидеј Ин во Скопје, Општината Центар во соработка со Фондацијата Отворено општество – Македонија и Центарот на заедницата на Општина Центар, одржаа граѓански форум на кој граѓаните имаа можност да гласаат за предложените проекти од акциските планови за образование, млади, социјална заштита и соработка за граѓанскиот сектор.

На почеток, градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, пред присутните го изрази задоволството од спроведувањето на проектите кои беа избрани на минатогодишниот форум, а се однесуваа на замена на фасадната столарија (прозорци и врати) на ООУ „Димитар Миладинов“ и на финансиска поддршка за лиценцирање жители од општината за професионална нега на стари лица.

На форумот од страна на Секретарот на општината, Дончо Герасимовски, пред присутните граѓани беа претставени по два проекти од секоја област. По гласањето од страна на учесниците за најприоритетни беа избрани проектите за (1) замена на фасадната столарија на ЈУДГОЦ Раде Јовчевски Корчагин и за (2) вградување на лифт за храна во ЈУДГОЦ „Кочо Рацин“, објект: Наум Наумовски Борче – Универзална Сала. 

Општина Центар и Фондацијата Отворено општество - Македонија учествуваат во кофинансирањето на одбраните приоритетни проекти во рамки на концептот Општина по мерка на граѓаните.

Форумите се алатка со која граѓаните имаат можност директно да учествуваат во процесите на одлучување заедно со општинската администрација за мерки и активности коишто се од нивен интерес. Граѓанскиот форум го спроведе Фондацијата за развој на локалната заедница од Штип. 

Клучни зборови

| настан | општини