Концепти

Зајакнување и мобилизација на граѓаните

Општина по мерка на граѓаните

Интеграција на Ромите

Проекти и програми кои се спроведуваат во рамки на концептите

Форуми во заедницата

Пристап до правда во Македонија

Регионална програма за поддршка на истражувања

Проект на УСАИД за граѓанско општество

Хуманитарна и правна помош за мигрантите

Граѓанско учество за локална демократија

Заедничка рамка за правно зајакнување

Области

Слобода на изразување

Младинска ангажираност за општествени промени

Унапредување на човековите права во здравството

Мониторинг и документирање на човековите права

Борба против корупција

Буџетска транспарентност

Програми

Образование

Информации

Медиуми

Правна програма

Јавно здравство

Програма за реформа на јавната администрација и локалната самоуправа

Исток-Исток: Прекугранични партнерства

Граѓанско општество

Регионална програма за поддршка на истражувања

Општо

Форуми во заедницата

Ние одлучуваме

поврзани конкурси

нема поврзани конкурси

поврзани публикации

нема поврзани публикации

Заедничка рамка за правно зајакнување
пронајди

СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПРАВНО ЗАЈАКНУВАЊЕ ВО БУДИМПЕШТА

Во периодот од 10 до 14 октомври 2016 година, во Будимпешта, како дел од Заедничката рамка за правно зајакнување на Фондациите Отворено општество се спроведе обука за правно зајакнување, на која учествуваа претставници на 23 држави од Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка.

Македонија имаше свој претставник од Фондацијата Отворено општество – Македонија и уште четворица учесници од невладиниот сектор и од државните институции.
На обуката беа разменети искуства помеѓу сите учесници во областа на правното зајакнување на граѓаните преку давање на различен вид на правна и параправна помош.

Учесниците имаа можност да се запознаат со правните системи на четири држави, и тоа Кенија, Бангладеш, Индија и Филипини. Клучни теми кои беа опфатени, а се од суштинско значење за правното зајакнување, беа значењето на параправниците во целокупниот систем на правно зајакнување, како се спроведува истражување за правните потреби на граѓаните, презентирање на добиените наоди од прибирање на податоци за да се обезбеди финансирање на некоја правна услуга, начини на организирање на параправниците, нивна професионализација и институционализација.

Заедничката рамка за правно зајакнување на Фондациите Отворено општество претставува значајна заложба за институционализација на основните правни услуги на национално ниво за истите да бидат достапни дури и за најмаргинализираните групи, и тоа во десет држави со ниски, средни и високи приходи (Македонија, Молдавија, Монголија, Непал, Пакистан, Сиера Леоне, Јужна Африка, Украина, САД и Индонезија). Главна цел на Фондацијата Отворено општествo - Македонија претставува креирање и институционализација на рамка за правно зајакнување засновано во заедницата преку зголемување на постоечките, различни модалитети на обезбедување пристап до правда за потребите на Ромите, сексуалните работници/-чки, корисниците на дроги и другите маргиналзиирани групи, на локално и национално ниво.

поврзани новости

нема поврзани новости